САД демократијата е затоа јака и моќна во современото општество - бидејки најрано ги надминува стереотипите ... нивните национални интереси се пред се економските цели и просперитетот на нивниот народ/граѓанин ... можеби на нив тоа им е лесно бидејки немаат доволно историја од национален карактер ...
Но да не заборавиме апартхејдот беше творевина на САД ... а нема премногу години од надминувањето ... ЕУ даде многу војни ... многу идеологии како фашизмот на пример се створени на тлото на ЕУ - негативно се удрија по општествениот развој ... сеуште во срцето на ЕУ демократиите неможе да се одстрани националното чувство на големите ЕУ држави ... а особено малите и младите држави од балканот - каде историјата се врзува со нацијата ... каде на база на националните чувства во 21 век се поведоа многу мали но крвави војни ... би рекол продолжение на балканските војни ...
И Македонија не заостанува многу во своето доминантно чувство кон нацијата ... особено Македонија која се бори со проблемите на својата нација која е оспорувана од сите соседи ... но некако најтешка е “битката“ со Грција ...
Зборот ми е - кога во Македонија ке доживееме да престанат најдоминантна улога да имаат националните пратии ... кога ке престанат малцинствата да имаат потреба од свои партии ... кога вистински ке се смешаат националните партии и ке се стопат во некоја од идеите ... леви, десни центристички ...
Оној момент кога тоа ке се случи на Македонија и на Македонецот навистина ке му тргне ... аман од историјата и злоупотребата на националното чувство на поединецот - на штета на граѓанскиот развој и правата на човекот ...
No comments:
Post a Comment