Пред некој ден (во саботата поточно) во дуќан ми влезе човек кој осем што доби тоа што му требаше ... се загледуваше во рељефните карти кои стојат позади моето работно место ... имам две добри рељефни карти ...
Бидејки балканскиот каратер проработи во мене, го прашав што точно сака да види на картите, од каде потекнува и така натака ... Почна да ми раскажува дека по потекло е од Солун ... поточно неговиот дедо/прадедо де, бил сопственик на стотина хектари земјиште во близината на сегашната железничка станица во Солун ... имал и убава куќа ... Прадедото т.е. неговата фамилија се здобила со имотот во времаето на Младотурцизмот ... но бидејки почнале да собираат луѓе за потребите на турските јаничари - ја дувнал со парите во Америка ... таму створил свој живот ... но притиснат за тагата по својот роден крај по игра на случаи се враќа во Скопје .... да не ја ширам приказната бидејки тогаш ке се дознае за која фамилија се работи ...
Сегашните наследници на дедото, за да реално си го вратат имотот - пред некоја година одат во Солун и поднесуваат најпрвин барање за државјанство како “грци по род“ ... такво државјанство добиваат ... и потоа пред некоја година поднеле барање преку грчкиот суд за враќање на едната куќа која сеуште ја има ... и барање за оштетно побарување за имотот на кој сега се изградени некои фабрики и сл. ... во процесот нормално учествува познат грчки адвокат од Солун кој има искуство во вакви случаи ... за некое време човекот очекува окончување на процесот и позамашна сума на пари кои ке треба да ги плати грчката држава ...
Релано грците така го трасирале патот на повратокот на имотот или обештетување за имот кој не може да се врати ...
Ми текна за Саркози и дедому кој веројатно во исто време со човекот од горната приказна бега во Франција, Париз ... нели книга му извадија грците за потеклото на Саркози ...
Се прашувам дали и на Саркози му предложиле иста постапка за повратокот на имотот од дедому ... кој неоспорно го поседувал ... т.е. дали и Саркози ке мора да аплицира пред грчката држава дека е “грк по род“ - за да си го врати имотот ... дали Саркози има конфликт на интереси во однос на сегашниот МК/ГР спор, во светло на евентуалнен повраток на имот на фамилијата Саркози ...
Солун во тоа време бил со огромна колонија на евреи ... некои податоци велат дека биле над 20 проценти од вкупното население ... турци во тоа време во Солун биле под 40 проценти ... останатите биле православни (румели ...).... голем број чинела и влашката заедница ...
No comments:
Post a Comment