Search This Blog

Wednesday, November 19, 2008

Досие ОКТА ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/84A2592BB82493469D494B22ACC403FE.jpg

Се мислев каде (во која категорија ...) да го ставам ова досие, како политика, како екологија или како пари ... сепак го ставив во категоријата пари ... бидејки околу ОКТА се вртат многу пари а кај има многу пари има многу интерси:

читај повеќе »

Еве ги моите досегашни написи врзани за ОКТА:

ОКТА на времето кога се градеше се планираше да биде двигател на МК петрохемиска индустрија ... единствена рафинерија во Македонија ... ОКТА и стана двигател на МК економија ... таа дури и денеска е една од најголемите компании кои учествуваат во уделот на БДП-то ...

Но ОКТА, во која првично беше вградена руска технологија, бидејки се увезуваше руска нафта ... а и поради малиот капацитет го загуби чекорот со големите и моќните преработувачки капацитети во соседството ... особено со оние грчките преработувачки капацитети ... ОКТА стана загубар ... а готови производи се увезуваа слободно, претежно преку грчкиот МАМИДАКИС - кој беше главен снабдувач на пумпите на МАКПЕТРОЛ ...

На ОКТА и се предвидуваше сечење и топење ... градење на нова ОКТА ... со нова технологија или едноставно згаснување на желбата МК да биде производител на петрохемиски продукти ... таква кава што беше за ОКТА тешко можеше да се најде купец осем некој кој би користел некаков монопол и под услов да продолжи да работи со истата технологија барем некои наредни 20 години ... и загарантирано откупување на мазутот од ОКТА кој поради својата технологија е еден од главните продукти ... се разбира купецот сигурно ке бара и долгогодишно неинвестирање во еко-филтери и пречистителни станици ...

Таков купец владата на Георгиевски најде во лицето на грчка државна компанија - која склучи договор и многу анекси на договори кои не се достапни на нашата јавност каде се даваа многу монополски позиции на ОКТА ... каде недовлно ке се инвестира во нова технологија ... каде главна додатна инвестиција е нафтоводот до ОКТА кој ке го прекине транспортот со вагонцистерни до ОКТА .... со што се губи главниот партнер на Македоснки Железници, која поради тоа брзо ке дојде во криза ...

Георгиевски пиеше шапањ со грчките инвеститори ... ОКТА повторно проработе но со старата технологија и без нови инвестисии во еко сверата ... се произбведува бензини и нафта со висок процент на учество на сулфур ... доказ се честите запирања на нафтата/бензините на ОКТА на краницата кон Косово каде како главна причина се наведува неквалитетот ... неприлагоден на стандардите на ЕУ ...

Заради ОКТА плативме двапати многумилионски суми на евра заради прекин или неспроведување на меѓународни договори ... најпрвин Мамидакис се омрси со паричка заради прекинот на договорот со неа ... а минатата година по меѓународна пресуда сопствениците на ОКТА се омрсија со големи пари по тужбата која ја добија ...

Како што гледате на ниеден кој учествуваше во зделките со ОКТА влакно не му фали - заради големите суми кои се платени како пенали заради неспрведени договори ...

Граѓаните кои живеат околу ОКТА најпрвин се радуваа заради вработувањата во ОКТА ... многу од нив дочекаа пензии ... многумина од нив сеуште работат во ОКТА ... но ОКТА ги труе и им го загрозува здравјето ... надлежните министерства се оглушуваа на барањата на жителите кои живат околу ОКТА а кои се жалат од преголемото присаство на СУЛФУР во воздухот и нафтени деривати во подземните води околу ОКТА ...

Безбројни протести се одлагаа со ветувања дека проблемот ке биде решен ... Некој му текна и направи сајт со кој се нуди туристички престој во многу загадена средина ... за наши услови оригинална идеја ...

http://www.oktavillagetravel.com/index_r2_c8.jpg

Најново е дека граѓаните повторно се собраа околу ОКТА и решени да истрајат, го блокираат патот за влез и излез кон ОКТА ... Граѓаните се во право ... но поради штетите кои ке ги претрпи ОКТА поради протестите - ОКТА ке ја тужи Македонија и повторно ке лапне пари од МК граѓанин ...

Се` додека не се стават на столб на јавен срам сите учесници во зделките околу ОКТА ... се` додека не добиеме представа кој е крив што ОКТА сега не труе со застарена технологија ... луѓето ке бидат труени ... но кривци нема да бидат газдите на ОКТА - тие се водат од бизнис интереси ... кривци се оние кои им дозволија на сопствениците на ОКТА да ги трујат граѓание и они кои живеат околу ОКТА и оние кои како потрошувачи на неквалитетни горива од ОКТА го загадуваат воздухот таму каде се движат ... да не заборавиме многу наши камиони платија дебели казни во Грција заради присуство на во нивните резервари на нафта од ОКТА - која ги нема стандардите кои ЕУ ги бара ...

Со свој камен по своја глава викаат старите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter