И во 2009-та година ке имаме повторно зголемување на буџетот ... паралелно со зголемување на дефицитот, кој ке се покрива со задолжување ... буџетот Владата го проектира како рестриктивен и развоен ... со предвидувања на нова администрација (наместо кастрење ...)... покачување на 10 одсто на платите на администрацијата и пензионерите ... пред локалните избори значително се финасираат патишта и водоводи по општините - со што владата директно се вмешува во локалните избори ...
- Владата за 2009 година го промовира најобемниот буџет досега, ... 2,67 милијарди евра.
- буџетските приходи се проектирани на 2,49 милијарди евра ...
- За „пеглање“ на огромниот буџетски дефицит од дури 2,8 отсто од БДП, власта признава дека ќе се задолжува и во странство ...
- Проектираниот дефицит ќе се финансирал со странско задолжување, како што се кредити од Светска банка, домашно задолжување преку издавање државни хартии од вредност и други форми на задолжување, а се разгледува и можноста за издавање еврообврзница
- буџетот за оваа година првично беше проектиран на околу 2,2 милијарди евра, за потоа со ребалансот да се искачи на 2,4 милијарди евра. Буџетскиот дефицит беше проектиран на 1,5 отсто од БДП, што значи дека за 2009 година тој двојно се зголемува.
- Владата за идната година многу оптимистички најавува раст на реалниот бруто-домашен производ од 5,5 отсто и инфлација од 3,5 отсто на годишно ниво, во време кога светот најавува многу помал раст, соочен со светската економска рецесија
- се очекува стапката на невработеност следната година да изнесува 31,5 отсто.
No comments:
Post a Comment