Пред малку слушнав на вести дека Црвенковски индиректно се повлекува од преговорите за нашето име - повлекувајки го својот преговарач Амбасадорот Димитров ... и назначувајки го Мартин Протуѓер за главен преговарач/поштар де (према видувањето на Груевски ...)... Со ова Црвенковски ми го послуша предлогот кој неколку пати го напишав на мојот блог - дека треба преговорите за спорот за нашето име да му ги препушти на Премиерот ...
Декалрацијата за црвената линија во преговорите е усвоена ... без вметнување на референдумот ... Против бил само Павле Трајанов ...
- Суети ... 9 Август, 2008 - 10:32
- Преговорите за името - вруќ костен на МК врвни политичари ... епизода Њујорк ... 21 Септември, 2008 - 22:40
- Претседателот и Премиерот ... мачка и куче да беа повеќе ке се поднесуваа ... 26 Септември, 2008 - 22:44
- Чиво е “детето“ Македонија ... 1 Октомври, 2008 - 11:02
- Црвенковски си ги “испра рацете“ ... 10 Октомври, 2008 - 17:35 ... сметам дека Црвенковски тереба подполно да се повлече од преговорите во спорот за името ... на крај на мандатот е ... неговите надлежности се мали ... Топката треба да ја префрли кај Премиерот Георгиевски - бидејки тој во вистинска смисла на зборот ги има надлежностите ... и секако одговорноста ... башка има и план ... пишан во Програмата ... нема веќе Премиерот да се жали дека некој друг му смеќава во решавањето на проблемот - кој го наследи ... дека некој му ги офира картите ... така ке може да ја преземе и целокупната одговорност/слава од успешното/неуспешното решавање на овој спор ...
- Породување на Македонија ... “Многу бабици, килави деца“ ... Кој е резултатот кога пороѓајот трае предолго ... 12 Октомври, 2008 - 09:40 ... Еве и тука ке повторам, бидејки и теоретски и практички сите надлежности и средства за решавање се кај Премиерот ни ... предлагам сите останати да се повлечат од учеството во породувањето на Македонија ... да се остави Премиерот сам да биде бабица ... да ги видиме неговите техники на породување на Македонија ... народот на избори тоа право му го даде и да го почитуваме ...
Колку знам Премиерот има план за породувањето ... да го оставиме со неговиот тим од помошни бабици - нека ја пораѓа Македонија ... добро, тој за крај вели дека народот ке ја пресече папочната врпца ... има само еден проблем нема трудиница која Премиерот би ја пораѓал ... тој стално вели дека Македонија не е доволно отворена, а со тоа спремна за пороѓај ...
Кој е резултатот кога пороѓајот трае предолго ... погодете сами ... - Декларација за името во Парламентот ... 22 Октомври, 2008 - 10:15 ... Веќе искажав мислење дека Претседателот треба да се повлече од директното учеството во преговорите во овој спор ... (впрочем и во Грција нивниот Претседател само се информира до кај е работата ... преговорите ги тераат владини претставници ...)... да го остави Премиерот да го истера спорот онака како запишал во својата програма ... за да може да ја понесе славата ако го реши спорот или одговорноста ако нерешениот спор ни е главна причина на кочење во интегративните процеси ... т.е. самоизолација ...
2 comments:
Decko,kako prvo Brankica nema ingerencii da go naznacuva Protuger za glaven pregovarac,negovata rolja vo ovaa politicka igra na uceni zavrsuva so odenjeto na Dimitrov i tolku e.Inaku ulogata na postar ja imase i Dimitar,samo sto bese malku poazgan od ovoj mlitaviot.Najpametno nesto sto napravil do sega ovoj tvojot Branko(kocka,kocka,kockica,se sekavas na nego sigurno)koj se vklopuva vo sekoj mozaik bez problem.Barajki da si go vrati rejtingot koj do izvesno vreme go imase,se vmesa vo nesto sto ne mu lezi,ne e negov fah,me razbiras neli,vo spor,vo koj ako bese sposoben do sega ke go resese ili barem ke imavme inicijativa vo resavanjeto,se dokaza kako navistina n e s p o s o b e n politicar i sega demek jas se povlekuvam e sega da te vidam tebe Gruevski,kolku providno i pokvareno samo k u r v a kako nego moze toa da go stori.Sepak e dobro sto go nema.Inaku,resavanjeto na problemot e skoro nevozmozen,celiot problem e vo EU i NATO,a ne e kaj nas toa e barem jasno kako den,zatoa upotrebuvanjeto na zborot -samoizolacija- e malku e vo uloga na perenje na mozok.Koga veke spomenuvas deka Makedonija e pred poroduvanje i timot na premierot ke ja poroduva,zosto ne kazes od kogo e trudna,neli treba da znaat lugjevo deka sme trudni zaradi Grcija,zarobenici na politikata na EU i NATO i deka podobro e namesto poroduvanje(neli treba da ima i krstevka,da se dade ime na novorodenoto de) podobro da ima abortiranje.Morame da gi abortirame i nato i eu,vo korist na imeto i identitetot a nema da bide kraj na svetot,ekonomijata koja e dvigatel na edna drzava ke odi i ponatamu,bidejki sve e do parite,pravenjeto kamen ne prasuva dali nekoja zemja e vo nato ili eu,se baraat zemji so eftina rabotna sila,t.e.zemji so moderni robovi,taka da ostavete go batkava,boksercevo neka si ja tera rabotava kakao sto znae najdobro, barem ke si ostaneme Makedonci,neli batka???
Izvina batka jas pak - MOLKOT NA BRISEL POOPASEN OD NACI-MARSHOT - zarem toa ne kazuva sve.
Post a Comment