Search This Blog

Saturday, November 22, 2008

Резил Сокак ... и камењарките под удар на законот ... прегледи - апс ...

Најстариот занает на скопските Камењарки од Резил Сокакот кај телевизија и бензинската пумпа на Макпетрол, адвокатската улица и просторот околу МАНУ ... вчера со присуство на камерите на МК телевизиски екипи беа поапсени ... заедно со дел од клиентите ... и макроата ...

читај повеќе »

Акцијата е неспорна ... тоа е работа на полицијата ...

  • спорно е присаството на камерите и новинарите и во оваа акција ... значи некој со план ја вклучил новинарската фела “да одработи“ ... да извести за успехот на полициската акција ...
  • спорно е што клиентите се пуштени на слобода ...
  • спорно е што во присуство на полицијата ... камењарките/ку*вите де се спроведени на лекарски преглед ... за да се утврди евентуалното ширење на заразните болести ... и казните кои поради тоа им следуваат - во форма на намерно ширење на зарадни болести ...
  • спорно е нивното право на адвокат ... ако се обвинети за нешто ...
  • спорно е како ке ги платат прекршочните казни од 600 до 800 евра ако се знае дека тие осем мин*ата да простете, немаат друг имот и средство за работа ... што ке им се бара за компензација ...

Далеку од памет ми е да ги бранам Камењарките ... кои своите услуги ги наплатуваат ефтинко од 500 до 1000 денари ... но зборот ми е дека е крајно време да се изрегулира овој најстар занает ... да се стави законска рамка на занаетот ... за да нема сива економија во проституцијата ... па фино лепо ем здрави камењарки ем фискализзирани ...

Многумина искоментриаа дека власта повторно удира по најситните слоеви на ваков криминал - каде се разрачунава со ситните прекршители во лицето на Камењарките ... а оние Анимир дамите кои се ангажираат преку Агенции за придружба (ескорд ..) и се популарните салони за масажа од сензуална до еротска ... се оставени по страна ...

За пофалба е овојпат што поголемиот дел од електронските медиуми ги замаглеија сликите од диртектниот пренос на апсењето ... со што барем малку се почитуваше правилото за презумпција на невиност на поединецот ...

Еве неколку линка како дешаванката ја видоа медиумите и дел од блогерите:

  1. Проститутки намерно заразувале клиенти со полови болести? ... Утрински ... ... Вкупно 33 лица се приведени во завчерашната акција на полициските „алфи“ и инспекторите од станицата Бит-пазар во реонот околу зградата на МТВ, каде што обично стојат проститутките. Најголем дел од нив се девојки и жени на возраст од 19 до 51 година, но приведено е и едно момче кое давало сексуални услуги, како и неколку макроа. Полицијата се сомнева дека дел од проститутките имале полови болести, кои намерно ги пренесувале кај клиентите. Поради тоа, приведените се однесени на медицински преглед. Сексуалните услуги ги наплаќале од 500 до 1.000 денари, а сега ќе треба да платат казна во висина од 600 до 800 евра. ... ... Полицијата го исчисти просторот кај МАНУ, Основните судови 1 и 2, Апелациониот и Врховен суд, МКЦ, МТВ, Адвокатската улица, каде што со години се врши улична проституција. Во акцијата што била извршена од 20 часот во четвртокот до вчераутро, приведени се 25 проститутки, меѓу кои и едно момче на возраст од 21 година. ... ... Според возрасната структура, само едно женско лице е малолетно и веднаш е предадено на родителите, додека другите се на возраст од 19 до 51 година. ... ... според потеклото, девојките биле Македонки, Албанки, Ромки и Босанки. ... ...
  2. Уапсени 25 проститутки фатени на дело ... Дневник ... ... Меѓу приведените има 48-годишна мајка што, освен што самата нудела сексуални услуги, посредувала при секс-услугите што ги вршеле нејзините ќерки.Двајца од приведените се осомничени за посредување при вршење на проституција. ... ... Приведените сексуалните услуги ги давале од 18 часот, па се' до следното утро. За сексот наплаќале од 500 до 1.000 денари. ... ... МВР најавува дека акцијата „Улична проституција“ ќе продолжи во континуитет. ... ...
  3. Полицијата кај МРТВ испоапси проститутки ... ... Шпиц
  4. Приведени над 20 луѓе поврзани со проституција ... ... А1
  5. АКЦИЈА „УЛИЧНА ПРОСТИТУЦИЈА“ - ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ПРОСТИТУТКИ ОД СКОПЈЕ ... Сител ... ...
  6. УАПСЕНИ 25 КУРВИ, 100 000 СЕУШТЕ НА СЛОБОДА ... Stihoven_Kalibar
  7. Еб за леб? ... ... Detski prikaski
  8. МВР versus ПРОСТИТУЦИЈА ... КВАДРАТУРА НА КРУГОТ
  9. СВР Скопје започна со координирана акција за сузбивање на уличната проституција ... ... МВР ... ...

1 comment:

Anonymous said...

Безделье мука, но не отдых. От всякого труда есть прибыль, а от пустословия только ущерб. Хорошо работает лишь тот, кто любит само дело, а не только его результат. Лучшие работники больше других работают и больше других отдыхают. Работа - это главное в жизни. Работай, когда тебе грустно, - это единственное средство разогнать грусть. Хочешь жить, умей работать. Награды ничего для меня не значат.Моя награда - моя работа.

[URL=http://vakansiy-russ.ru/wordpress-425.html]Работа сварщиком в москве[/URL] [URL=http://vakansii-rf.ru/wordpress-111.html]Работа в королеве мытищах[/URL] [URL=http://vakansiy-rf.ru/wordpress-368.html]Предложение вакансий[/URL] [URL=http://vakansiy-rus.ru/wordpress-341.html]Работа в маскве[/URL] [URL=http://vakansii-russ.ru/wordpress-198.html]Работа север вахта[/URL] [URL=http://mynmy.ru/wordpress-240.html]Работа сегодня вакансии[/URL] [URL=http://vakansii-rus.ru/wordpress-578.htm]Работа супервайзер[/URL] [URL=http://vakans-ru.ru/wordpress-85.html]Вакансии вахтовым методом в москве[/URL] [URL=http://vakansiy-ru.ru/wordpress-537.html]Работа для иногородних в москве[/URL] [URL=http://vakansii-ru.ru/wordpress-494.html]работа для девушек в москве[/URL]

Blog Archive

Site Meter