Search This Blog

Monday, November 24, 2008

Вториот конгерс на Виножито ... оштар меч по тврдото грчко ткиво ... Соровичево ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/2F7F52C8C71903468D2F9680FBFA81A7.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/86F68DCF50426F4DBC516A5F896CD511.jpg

Ништо толку многу не ги боли грците што се случува кај нас ... они со тоа лесно се справуваат користејки ги дупките на меѓународното право кое вешто го користат и манипулираат ...се разбира со помош на англичаните и французите ...

читај повеќе »

Но до коска ги боли појавата на Виножито и Васкопулос ... кој еве успева да одржи втор конгрес на неговото движење едноставно наречено Виножито ... Васкопулос и Виножито тежнејки да си ги остварат своите малцински права, вешто го користат Советот на Европа и соработката со пратениците на Слободна Алијанса ... успешно одржа втор конгрес на Виножито ...

  • СоровиЧево, Леринско - Околу двесте делегати, гости од ЕУ и новинари присуствуваа на вчерашниот Втор конгрес на партијата Виножито во леринското село Соровичево, на кој беше побарано грчката држава да ја признае реалноста на постоење македонско малцинство и позитивно да одговори на барањето на оваа партија околу која гравитира македонското малцинство во Грција, да се отворат училишта на македонски јазик.
  • Група дваесетина нервозни припадници на националистичката Хриси авги (Златна зора) се обидоа да протестираат и да го попречат одржувањето на собирот. Тие делеа летоци со повик „Надвор вулгари и скопјанофили“ и „Ако сте дошле во Аминдео (Соровичево), не сте дошле никаде“.

Подолу линкови на мои постари написи со слична тематика:

No comments:

Blog Archive

Site Meter