Search This Blog

Wednesday, November 19, 2008

Ден на дрвото – засади ја својата иднина ... втор пат ...

http://img81.imageshack.us/img81/2818/logotreedayns3.gif

Денеска е денот кога по вторпат владата (потикната од повеќе невладини организации ...) организира масовна акција за засадување на нови садници ... денеска не се погоди денот за луѓето кои ке садат но се погоди денот за дрвцата кои ке бидат насадени ... надвор од утрина врне ситен дожд и ладно е ... метереолозите велат дека од дванаесет натака ке биде подобро време ... дека дури и сонце ке огрее ...

читај повеќе »

Секој кој може нека се приклучи на оваа благородна акција ... нека си понесе чизми и топло палто, чај/кафе во термос ... сендвич ... флаша со вода да ги измие рацете по садењето ... чадор обавезно ... можеби кабаница ако има ... ракавици и некое мало мотиче/тесла ... нека ги поведе со себе најмладите не толку да садат, колку да им се всадува навика дека природата треба да се чува, негува ... секој оној кој ке ги премрзне рацете садејки барем едно дрво ... убаво ке запамети дека тоа треба да се чува и негува ... таму каде сте засадиле дрва летоска во сушните денови самоиницијативно појдете еднаш двапати со голема туба со вода ... со мотичето окопајте околу дрвото што сте го посадиле и полејте го вашето дрво ... тоа повторете го неколку години додека дрвото не се вкорени и прифати само да може да се бори со ветерот, студот и сушата ... кога ке потпораснат, тие сами ке си помагаат едно на друго (дрвата ...), така по неколку години ке имате можност да кажете е на она ридче е и моето дрво ...

Оние кои имаат дворови, блиски паркови нека појдат во нив и тука нека ги посадат своите дрвца ... тие бидејки се блиску ке можат да ги пазат и одгледуваат преку летото - со што ке ги посвојат ... како што јас го посвоив малиот парк пред мојот дуќан ... комшиите малку ми се смејат кога одвреме навреме ги подкаструвам дрвцата, собирам лисјата и паднатите гранки ... корнам тревата која е натрапник ... ја греблам тревата собирајки ги остатоците по косењето на тревата ... ја наводнувам тревата од чесмата на мојот дуќан ... но тие не го знаат моето внатрешно задоволство - бидејки “мојот посвоен парк“ е како мое дете ... расте и се развива пред мене ... знае и да ми врати со своето зеленило .... да ми ги одмори очите и одврати мислите од сивилото, море црнилото околу мене ...

Денеска заборавите кој од која партија сте, ако сте ... дрвцата нема никојпат да дознаат која партија ги посадила ... денеска садете ги дрвјата како граѓани на Македонија ...

1 comment:

Anonymous said...

......Drvcata nema nikojpat da doznaat koja partija gi posadila.......dobro kazano batka,super.

Blog Archive

Site Meter