- Од Нова година само јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе продава дрва за огрев, а сите приватни складишта за продажба на огревно дрво ќе бидат укинати, велат во Министерството за земјоделство.
- Владата очекува од овој монопол да собере околу 450 милиони евра, со кои ќе пополни дел од буџетската дупка што ќе настане како последица од пакет-мерките што беа донесени за ублажување на кризата.
Евидентното подржавување на бизнисите каде по оценка на власта се вртат големи пари продолжува ... сега еве поради неможнаста да се контролира бизнисот со дрва, се укинуваат приватните складишта за продажба на дрва ... уште едно место каде државата става рака ... нели е ова уште еден сигнал за промена на системот ... мене ова не ми личи на либерална мерка во либералниот капитализам каков што државата го прокламира пред светот ...
Сето ова ми личи на враќање во првиот стадиум на капитализмот - “државниот капитализам“ ... оној првиот по крајот на втората световна војна ... “државниот капитализам“ со партизација на државниот апарат ... или можеби само ми се чини ... колку сето ова ме подсетува на бившите “другари“ - кои во тесни кругови “се грижеа“ за нашите судбини ... ваков модел имавме и во социјалистичкиот период, кога доминантен сопственик на средствата за производство и материјалните добра беше државата ...
No comments:
Post a Comment