Search This Blog

Tuesday, November 18, 2008

Зелените пазарите во Аеродром и Ново Лисиче ...

Општина Аеродром е една од поголемите општини во Скопје ... таа е спалната соба на Скопје ... брои некои 72.000 жители ... во урбаниот дел е многу густо населена по квадратен метар ...

читај повеќе »

Граѓаните кои живеат во населбите Аеродром и Ново Лисиче имаат само еден организиран пазар за зелени производи ... пазарот кај трговскиот центар бисер ... пазар со многу мала и времена локација ... пазарот им прави бројни проблеми на нивните околни граѓани - бидејки паркингот е окупиран од тезгаџиите ...

Пазарот кој треба да се изгради кај поштата во Ново Лисиче е во најава барем десетина години ... црква да беше побргу ке се изградеше ...

Граѓаните досега се снабдуваат со зелени производи од локалните пиљари кои вешто ја користат можноста добро да ги набилдаат цените на зелените производи и воедно да ги окупираат надворешните површини пред дуќанот за продажба на зелени производи ...

На одредени места во текот на викендот се собираа и диви продавачи на зелени производи ... луѓе на трактори, мали камиони носат сезонско овоштие и заедно со теткиците кои во своите дворови ке произведат по нешто го заработуваа својот леб ... Сето ова е во судир со законските прописи и особено со новиот закон за комунална хигиена ... продавачите се тресат кога продаваат од страв од комуналните инспектори ...

Очита е потребата во Аеродром и Ново Лисиче од уште неколку помали пазари на зелени производи од стален карактер ... ова Општината Аеродром го има препознаено како потреба - формирала јавно претпријатие за стопанисување со зелени пазари ... се чека избор на директор и да започне со работа ... на неколку места ке се формираат мали зелени пазари ... спомнати места се локацијата близу изградената Црква „Свети Илија“ ... и локацијата близу спортската сала „Јане Сандански“ ... места кои и сега се користат како зелени но диви пазари ... секако дека треба да се најде место за мал пазар и во Ново Лисиче ...

Осем овие стални мали зелени пазари ... треба да се прифати идејата на многу ЕУ и Американски градови каде определени мали плоштади (скверови, паркиралишта ...) во деновите на викендот или за некои празници времено се претворуваат во мали зелени пазари ... тоа сето треба да се оствари плански и со пропишани нормативи ... така ем ке се задоволат потребите на граѓаните за поефтини артикли ... ем производителите и ситните трговци со зелениш ке најдат начин како легално да заработат ...

Топлата вода одавна е откриена ...

- Зелки и пиперки среде Аеродром ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/659F29D77264A3429BCB833AE59DB8B8.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter