Од 2006-та година до денеска 23 пати пишував во врска со визите и визното гето ... мене лично визите навистина ме пикнаа во гето ... се осеќам стегнат и ограден од невидлив зид ... можем да замислам како им е на младите кои во транзицискиот период сеуште ја немаат осетено слободата на безвизно патување ...
За 2009-та година се врзуваше најавеното ослободување од стегите на визното гето за Македонија и Србија од преостанатиот балкански лонец ... но, како се наближува 2009-та година евродипломатите срамежливо соопштуваат дека е многу можно и 2009-та година да биде прескокната ... тоа се осети во оној момент кога Боцевски во еден момент веќе не беше сигурен во своите изјави дека средината на 2009-та ке ја пречекаме без визи ...
Ваква реална можност се предвидува и во написот на денешен Дневник - Остануваме на црна шенген-листа до 2010 ... каде се наведени барем две причини за одложувањето на укинувањето на визите:
- неуспешната борба против организираниот криминал ... на што особено инсистира Германија ...
- изборите во ЕУ парламентот ...
1 comment:
Ke ne preskokne li viznata lib..........vo 2009?Koe li prasanje??? So sigurnost DA a ako dobieme sansa za 2010 toa ke bide kon krajot na istata,toa e optimisticka verzija,ako ne iznajdat nekoja druga pricina ili isceniraat nesto kaj nas i za toa ke se fatat i taka ke odi vo nedogled,posto treba da bideme realni nie navistina ne im sme potrebni,mozat tie i bez nas a bogami i nie mozeme,po gjavolite so EU,ta i NATO.Bez golemo precenuvanje.
Post a Comment