Колку и да звучи оптимистички, дека лани засадивме 2 милиона дрвја ... а оваа година 6 милиона дрвја (5.5 мил евра ...)... идната година 12 милиона садници ... према стручњаците од Шумарски факултет тоа се само фрлени пари од неколку милиони евра ...
- ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари, предупредуваат од Шумарскиот факултет во Скопје.
- наместо масовни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата, тоа да се прави со помали, подолгорочни и посериозни активности ...
- поради многуте пропусти во акцијата „Денот на дрвото“, голем дел од садниците се исуши ...
- последната акција се изврши во несоодветни услови бидејќи се садеше на сува почва. Садниците се садеа плитко или предлабоко, корените се деформираа, на едно место се садеа повеќе садници... Сушното лето беше дополнителен проблем поради што преживеа само мал процент ...
- за успех на ваквите акции се потребни квалитетно семе, садници со пропишан квалитет, добра подготовка на теренот, исправно садење и одржување ...
- треба да се засади во најкус можен рок, а во меѓувреме дрвцата да се заштитат од сушење ...
- ако во еден ден се подготвуваат 2, 6 или 10 милиони садници, тогаш мора да почнат да се вадат дури и неколку недели однапред со што се намалува нивната виталност ...
- цадењето треба да се изврши правилно бидејќи оваа навидум лесна операција крие причини за големи неуспеси при пошумувањето ... на садниците потоа им е потребно неколку окопувања ...
- се сугерира акцијата да премине во „Месец на дрвото“ за да се направи домаќински и стручно ...
- масовни еднодневни акции за пошумување имаат многу пропусти, поради кои најголемиот дел од садниците се суши ... тоа се случува поради неподготвениот терен, сувата почва, лошото семе, неправилното засадување и неодржувањето на садниците ...
No comments:
Post a Comment