Search This Blog

Saturday, November 08, 2008

Митровден ... Митровдан ... Димитровден ... Св.Великомаченик Димитриј ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e6/Michael_of_salonica.jpg/200px-Michael_of_salonica.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/Dymitr_z_Salonik.jpg/200px-Dymitr_z_Salonik.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Relics_of_Saint_Demetrius.jpg/200px-Relics_of_Saint_Demetrius.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/51/Zemen-monastery-st-nestor.jpg/180px-Zemen-monastery-st-nestor.jpg

Ѓурѓовден и Митровден се денови меѓници ... всадени во обичаите и верувањата на нашиот народ ...

читај повеќе »

Додека со Ѓурѓовден 6.Мај се празнува времето кога човекот излегува во природа ... на сонце што би се рекло ... Со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден, период кога оживува природата а на луѓето им претстои многу работа. ...

Со Митровден 8.Ноеври се поврзува почеток на зимскиот циклус на годината ...

  • по Митровден сонцето се` ти е помило ...
  • народот се повлекува од отворената природа и влегува во куќите ...
  • до Митровден се привршуваат куќите кои се градат во текот на летото ...
  • почнува поинтензивно загревање на домовите ...
  • виното го заменува пивото ...
  • овците се повлекуваат од високите пасишта, од отворено и се внесуваат во пониските трла ...
  • Митровден е и празник за овчарите - беќарите бидејки тие тогаш ги добиваат своите надокнади за целогодишниот овчарски труд ...
  • по Митровден е најдобро време за киселење купус ...
  • чарапе се обујев на митровдн,а собујев се на Ѓурѓовдн ... interpreter ...
  • “Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден” ...
  • денеска е именден на сите: Митри, Димитри, Димитрина, Димо, Митко, ...
  • Бугарите го слават Митровден на 26.Октомври (стар/нов календар...)... "Свети Георги лято носи, Свети Димитър - зима". ... Според легендите в Тракия Св. Димитър е покровител на зимата и студа и е по-голям брат на Св. Георги. ... По стар обичай на имен ден се отива неканен и непременно бели китки се носят на този празник, за да е блага зимата. ... пита с ябълки, яхния от петел, курбан от овче месо ...

Бабами често ги споменуваше ови два меѓника (Ѓурѓовден и Митровден ...)... со доаѓањето на Митровден се менува начинот на животот по нашите села ... од тука почнуваат честите слави ...

- На овој ден се православните верници го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј ... Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.

  • Saint Demetrius of Thessaloniki (Greek: Άγιος Δημήτριος της Θεσσαλονίκης) was a Christian martyrThessaloniki in the early 4th century. During the Middle Ages, he came to be revered as one of the most important Orthodox military saints, often paired with Saint George. His feast day is 26 October for Christians following the Gregorian calendar and 8 November for Christians following the Julian calendar. who is said to have lived in
  • Свети Димитрије Солунски ...
  • Свети великомъченик Димитрий Солунски Чудотворец или Свети Димитър ... Роден е в Солун през 3 век. Неговият баща бил управител на града, а по религиозни убеждения - християнин. Когато родителите на Димитрий умират, император Максимиан го назначава на висок военен пост със заповедта да преследва християните. Покръстеният като дете Димитрий обаче ги покровителствал и започнал да насърчава разпространението на Христовата вяра.
  • Митровден - почеток на зимскиот циклус од годината ... По смртта на неговиот татко Димитрија станал новиот солунски водач. Во времето на Свети Димитрија со Римското царство управувал царот Максимилијан кој бил паган и водел жестоки борби против христијаните. Тој предавајќи му го Солун на Димитрија му наредил да се справува со христијаните и да биде немилосрден кон нив. Но, Димитрија бил христијанин. Тој не само што не ги послушал наредбите на Максимилијан туку и го поттикнувал христијанството, а христијаните ги учел како да бидат добри верници и да останат чисти во душата.За ова негово учење и поддршка на христијанството разбрал максимилијан. Тој дошол во Солун да се увери во она што го слушал и во дејноста на димитрија. Димитрија не само што не го порекнал своето јавно проповедање на христијанството туку го презрел и паганството на царот. максимилијан по ваквите негови постапки наредил да го затворат. Знаејќи што ќе му се случи, Димитрија своето богатство му го доверил на неговиот пријател по име Лупа со молба и аманет да им го раздели на сиромашните. Во ова време во Солун постоел амфитеатар во кој се изведувале гладијаторски борби, а често пати најголеми жртви биле христијаните кои им биле фрлани на крволочните ѕверови да ги раскинат, што била и главна забава на паганите. Меѓу гладијаторите посебно се истакнувал Лав, како најкрвожеден и миленик на царот. Неговите нечовечки постапки не можел да ги истрпи Нестор, храбар и праведен човек, кој решил да му излезе на двобој. Нестор го посетил Димитрија во затворот и побарал дозвола од нефго за да излезе на двобој со лав. Откако добил благослов го предизвикал Лав на двобој го убил. Максимилијан бил бесен за смртта на својот омилен гладијатор па наредил да ги убијат и Нестор и Димитрија. Војниците веднаш го убиле Нестор и го фрлиле неговото тело на дивите животни да го растргнат. Потоа заминале по Димитрија. Кога се доближиле до него тој седел и се молел, а од лицето му зрачела необична светлина. Војниците се исплашиле и го убиле со копје од далечина. Тоа се случило утрото на 26 октомври по стариот или 8 ноември по новиот календар во 306 година по Христа. Тој ден му е посветен на Свети Димитрија. Димитрија Источната Црква го канонизирала за светител, а неговото тело христијаните тајно го закопале во црквата, која денес го носи неговото име, во Солун.
  • На градскиот плоштад одбележан Митровден !!!
  • Православните верници го прославија Митровден ... Во житието на светецот е забележано дека тој бил голем војсководец и дека во времето на Римската Империја го ширел христијанството. За тоа бил измачуван и убиен од императорот Максимилијан. Моштите на светецот се наоѓаат во црквата "Св. Димитрија" во Солун - Грција. Во црквата од неговите мошти извира света миризлива течност, наречена миро. Таа течност се употребува во светиот чин миропомазание, при крштевања и на големи верски празници ...
  • Пронајдено специјално писмо на сточарите од Македонија ... На Ѓурѓовден газдата рано наутро одел в црква да се помоли, а потоа заминувал в шума и сечел еден дренов стап два метра долг. На врвот од овој стап ставал човечка глава наречена крлик, на која истиот ден ја запишувал првата шарка, а на Митровден била исцртана последната шарка. На крликот има лева и десна страна. Од лево биле испишувани математичките знаци, а од десно личните имиња и други податоци. Еден ваков стап содржи информации од цела година за стадото овци, за приходи и расходи, за потрошена храна, за родени и умрени животни и за останатиот добиток.
  • Св. Димитрија - Скопје ...
  • Утринска литургија во чест на Митровден ...
  • Свети Великомаченик Димитрија (Митровден) ... Митровден се празнува на 8-ми ноември. Тогаш се сметало дека завршува летниот период од годината, а започнува зимскиот поради собраните плодови, значително намалениот ден и студеното време. Насекаде низ Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, овчари,полјаци, но и селски старешини, одборници, коџобашии и.т.н. договор што важел до Ѓурѓовден или следниот Митровден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, овчари и им се исплаќала заработувачката.
  • МИТРОВДЕН
  • mitrovden ... mitrovdan ... dimitrovden ...

5 comments:

Anonymous said...

Golem pozdrav do tebe Aleksandar.FINO sto pokraj miljon gluposti za i okolo politiku moze da se procitav i ubavi duhovni rabote povrzani ss pravoslavnu religiju ,sto e imoja!Tek sg doznavam za sveti DIMITRIJU KOJ STO BIJA I STO PRAVIJA. TOJ MI PUNO ZNACI , FALA TI . POZDAV OD BAGDAD!

Anonymous said...

Golem pozdrav do tebe Aleksandar.FINO sto pokraj miljon gluposti za i okolo politiku moze da se procitav i ubavi duhovni rabote povrzani ss pravoslavnu religiju ,sto e imoja!Tek sg doznavam za sveti DIMITRIJU KOJ STO BIJA I STO PRAVIJA. TOJ MI PUNO ZNACI , FALA TI . POZDAV OD BAGDAD!

Photo Volan said...

Здраво земљаче ... што мука те натерала да идеш уа Багдад ... вероватно безработница и паре ...

Среќна работа ... Багдад е моја стара дестинација ... имам тамо работено неколко године пред едно 20 године ... време тамо сг е најбоље ... постоји ли још ЈУ клуб у Багдад ... беше близу до ЈУ амбасаду ... покрај Тигар ...

Anonymous said...

U pravo si!AMA iskreno da ti kazu golema e razlika ti kd si bija i sg.Nima klubovi ni ambasada , stvarno sam u naj centralan del ,karade, amo retko kd vidu i trnku od grad a nesmeju mnogo da lomotu!POZDRAV

Photo Volan said...

много среќа земљаче ... чувајте се ... и сас среќу враќање ...

Blog Archive

Site Meter