Отодовме во САД - со висока, море највисока делегација, предводена од Премиерот, Вицепремиерот и уште троица Министри ... во разговори со „Интел“, „Хјулит Пакард“, „Оракл“ и „Сан мајкросистемс“ и други ИТ компании од познатата силиконска доина во САД ... со пораката „Македонија - земја на ИТ-експерти“ ... „Циско“ е веќе во МК ...
Има ли МК капацитет да се прогласи како „Македонија - земја на ИТ-експерти“ ... МК страда од недостаток на ИТ стручни лица ... нашите две, три компании кои се бават со аутсорсинг увезуваат информатичари од Индија ... тие што ги имаме ни бегаат надвор ... а другите се сеуште во детската градинка т.е. во образовниот систем, каде напаѓаме со ИТ Универзитети и факултети ... но тие стручни лица ке стасаат за десет години ... Веќе неколку инвеститори се откажаа од свое инвестирање во оваа област Сименс да речеме одкога увидоа дека во МК нема на лагер ИТ стручњаци ...
Пораката до американцете е дојдете ние сме „Македонија - земја на ИТ-експерти“ ...ние сме со најдобра бизнис клима ... одговорот е потпишување на меморандум за намери со кој америте ке ги испитуваат нашите можности ... а ние веќе на цел глас и со сите медиуми прогласуваме - „Македонија - Силикоска долина“ ...
На кого му се упатени овие “локуми и обланди ...“... Може ли МК да продаде “приказни“ на најголемите светски ИТ компании ...
1 comment:
Се слагам потполно со тонот на коментарот. Нашиве имаат две компоненти: 1.) 50% лажат свесно пошто така им одговара и 2.) 50% се у погрешен филм пошто толку „им чука“.
Прва реченица коа пред некој ден најавија дека ќе идат беше дека ќе ја промовираат Македонија како прво wireless земја. Никој не ги апдејтираше дека тоа бевме само неколку месеци додека не ја добиеме наградата за да се покрие он.нет и усаид (додуша и тогаш бевме тоа ама „во изградба“)? Неверувам - го зборат тоа затоа што функционираат по горните 50-50%.
Со себе го влечат и професорот Блок или како веќе се викаше - а што не го послушаа што им рече за навиот универзитет за ИТ? Чоече не ми се верува кој трупци се и кое трачење на државни пари праат.. Кај нас уште поштено неможеш сметка за телефон да платиш преку банка по интернет (нека им покажат таму кај што не рекламираат како земја на информатичари како ни изгледаат банкарските портали). значи оние претходнине беа штетни пошто така им одговараше - овие се штетни за инат и заради тоа што живеат у филмот што сами си го снимаат. Кај ни се информатичарите? Фирмите? Образовните институции за информатика на што ни личат?
Post a Comment