Неспорно е дека главниот град на Македонија треба да има барем еден отворен стадион по светски стандарди ... каде што ке гледами фудбал/атлетика и други спортови ... Градскиот стадион на Скопје - почна да се доизградува пред многу години ... уште во времето на бившиот социјалистички систем ...
Минатата година оваа Влада исфинансира изградба на нова северна трибина ... деновиве се најави доизградбата на преостанатите две трибини (источна и западна ...)... почетокот на доизградбата се поклопува со времето на локалните избори ... ова е еден од адутите на моментално владеачката партија, кој ке биде употребен во локалните избори во Скопје ...
Во околината на Македонија не е изграден таков стадион од приватни пари ... и нормално е што државата го финасира од буџетски средства ... но не е нормално изградбата да ја планира во време на избори ... и уште помалку не е нормално Владата - Централната власт да го спроведува тендерот за изградба ... сосема природно е вакви проекти да се доверуваат на локалната власт за изведба а Владата да ги контролира трошењата и казнува злоупотребите кои евентуално би се појавиле ...
- Градски стадион ... се доизградува !!
- Градски стадион се подготвува за изградба на источна и западна трибина ... Утрински
1 comment:
Не забележав некој да му ставил забрана на градоначалникот да гради. Да гради било што. А освен 1 (една) клучка - не изгради ништо. Секој се сложува дека на Македонија и е потребен стадион. Ако е така, сметам дека е неважно кој ќе го изгради. А оној кој прв ќе се нафати на тоа - па и нека се испофали. За фалба е. Нека гради и нека се фали. Лично јас немаше да имам против и некој претходно (било градоначалник, било премиер) да градеше и да се фалеше.
Секој треба да си стои позади своите постапки, и позади своите не-постапки, да не се срами да рече “јас сум заслужен“ или “јас сум одговорен“. Тоа е единствениот начин на кој би требало секој да функционира.
Во случај на стадионот - градителите кажуваат “јас сум заслужен“, но не ги чувме претходните (сите претходни) не-градители да речат “да, они се заслужни, а ние сме одговорни за не-градењето“.
Post a Comment