Search This Blog

Friday, November 21, 2008

Синдикатот се буди ... иако зимата е на праг ...


Најпрвин синдикатот на Муратовски протестираше низ неколку градови во Македонија, заради општите намалување на синдикалните и работничките права - особено изразени во новиот закон за работни односи ...

читај повеќе »

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/FC3DB0D860BBD847B1A0FF7E9D7A1FF0.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/E2499BB41FEB0A4DB5FCB557B8D407EB.jpg

Протестите подржани од опозицијата се претвојија во улични протести во градовите каде опозицијата по градовите има власт ... испаѓа дека без подршка на власта нема протести ... синдикатот на Цветановски мудруваше и молчеше ...

Сега Цветановски се заканува со генерален штрајк во образованието и културата, заради неутврдувањето на износот на хранарината и превозот кој треба да влезе во основицата за бруто плата со стартот на идната година ... Да подсетиме во образованието надоместоците за хранарина и превоз се помали од другите сектори поради непроменувањето на клективниот договор за образование ... Синдикатот за образование како најмоќен и најединствен синдикат и досега успеваше да организира неколку штрајкови со променлив успех ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/88676DD7049A5E4392F640D92F34DCCE.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/protest-sindikat.jpg http://www.telma.com.mk/vesti/%d1%81%d1%81%d0%bc%20%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8.jpg

Од друга страна владата стои на своето, бидејки во новиот буџет ги нема внесено трошоците така како што бара синдикатот на обрзованието ... Бруто платата е така изведена ... воопшто нема никакви промени за буџетските институции ... платите кои ке дојдат на рака на работниците се тотално идентични ...

Муратовски иако најави штрајк во судството ... одстапи пред морковите и шеќерчињата кои му беа ветени од Министерот за Правосудство дека платите во правосудството ке бидат качени како што бараат вработените од правосудството ...

Генералниот штрајк на Муратовски со подршка од само 2000 синдикалци се претвори во млак синдикален говор на плоштадот Пела ... никој од власта сериозно не го свати овој штрајк ...

Министерот за Образование рече дека ке се испеглаат разликите на средба со синдикатот - но во суштина нема да одстапи од своите позиции ...

Да видиме дали сепак зимата ке го стави синдикатот во зимски сон ... Синдикални борби сме навикнати да гледаме во пролетни денови ...

Светската криза која е во тек а која ја зафаќа и нашата економија како афтершок притиска и ги обехрабрува синдикалистите да не досолуваат ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter