Видовме како Мирка Велинова ги виде стоте дена на владата на РМ ... овојпат видовме како Груевски ги гледа првите сто свои дена на оваа влада иако тоа е влада на континуитет од две ипол години ...
- Груевски ги искористи за фалба за сработеното ...
- Владата реализирала дури над 90 отсто од ветеното во програмата за која ја доби довербата на граѓаните ... остварени 183 проекти и мерки и уште 11 дополнителни ...
- 200-те предлог-закони ...
- Луѓето на Груевски работат макотрпно, како луѓето од најопасните спортови, а ангажманот е без прекин - седум дена во неделата и тоа по 24 часа! ...
- Синоќа првпат, по цели три години владеење, се охрабри да излезе на дебатна емисија ...
- Премиерот укажа дека најсериозен предизвик за државата во иднина ќе биде битката за уставното име и идентитет ... „Оваа генерација е свесна за својата историска одговорност и тука мора да бидеме обединети“ ...
- Се осврна на негативните сигнали од Брисел, но оцени дека Македонија направила значаен прогрес во исполнувањето на осумте критериуми за интеграција на државата во Европската унија, а министрите спровеле интензивна дипломатска активност, при што се постигнати успеси во надворешната политика ...
- Демаркацијата на границата со Косово,
- Успехот во исполнувањето на критериумите за визна либерализација,
- Зајакнувањето на стратегиското партнерство со САД,
- Резолуцијата за Македонците од Егејскиот дел од Македонија...
- одлуката на Индија да го користи уставното име на Република Македонија!...
- Најзадоволен е од постигнатото на полето на економијата ...
- интензивирање на економскиот раст,
- намалувањето на невработеноста
- промовирањето на Македонија како најатрактивна земја за инвестиции,
- новите 1.600 вработувања од проектот за самовработување,
- воведувањето на концептот за бруто-плата,
- растот на индустриското производство..
- Значителни подобрувања се бележат и во инфраструктурата каде што се постигнати резултати во транспортот и градежништвото,
- Борбата против криминалот и корупцијата,
- Сработеното во образованието ... зголемениот опфат на ученици во средните училишта, кој изнесува 95 отсто ...
- Премиерот скромно призна дека во овој период биле направени и одредени грешки, но не биле од стратегиско значење ...
- доцнењето на изградбата на 25-те тениски игралишта во 25 општини,
- невоспоставувањето кол-центар на ниво на држава за пријавување на нерегуларностите,
- невоведувањето на системот за кариера во полициската служба,
- доцнењето на водоснабдувањето во осум општини...
No comments:
Post a Comment