Од пиетет/трибут према дедоми, кога видов кој ден е денеска прво на што се сетив дека на времето на овој ден секогаш бев во неговиот двор да учествувам во еден традиционален обичај на дедоми - на овој ден се колеа свињчињата ...
Јас лично и кокошка кога треба да се заколе бегам ... не можам да ги поднесам моментите кога кокошката онака обезглавено скока и ги трза своите последни моменти во животот ... но животот и природата се сурови ... помоќните, појаките, поздравите ги јадат оние кои се послаби ... ланецот на исхрана на видовите на живот е така створен ... некој некого го јаде во одреден момент ...
Така е и кај луѓето, иако свеста на луѓето треба да проработи и да се грижи за помалку моќниот ... но, да не се одалечам од темата на постот ... свињкољот ... тој е долга традиција во кумановско, кратовскиот и паланечкиот крај ... секојпат се правеше во време на празникот 29 Ноември ... два дена слободни добро доаѓаа да се посетат селата и да се помогне на домаќинот ... свежо свињско со праз и по некоја сува пиперка везенка е традиционално јадење на тој ден ... приготвувањето на џигер и чварки е специјалитет на денот но во покасните часови ...
Делот како се коле свињчето ке го прескочам се згрозувам од тие моменти иако дедоми сметаше дека треба да учествувам во тој чин - за еден ден кога ке пораснам, бидам способен и самиот тоа да го правам ... но ете јас никојпат не се оспособив да можам да убијам било кое животно ... дури и за рибите имам чувство ...
- свињчето одкога ке се заколе, се ставаше на голема маса и се шуреше, т.е. со бричење и стругање со оштри ножеви се чистешеа влакната ... тоа беше вежба и за нашите први бричења ... секој дел од свињчето си имаше своја намена и корисност ...
- по шурењето свињчето треба да се закачи на ченгел ... тоа е најтешкиот машки дел од работата ... бидејки свињчињата знаеа да имаат тежина и над стотина килограми ... тука учествуваа сите мажи ... се викаа и блиските комшии за да помогнат ... мада со техника со макара и подставање на свињчето под ченгелот тоа се правеше полесно ... сега гледам има спесијални дигалки за дигање на ченгел ... секоја нова куќа кога се гради а е од селски карактер под чардакот обавезно има место со испуштено железо за ченгел ... дедоми за оваа потреба имаше една стара слива ...
- потоа во зависност од домаќинот разни делови од кожата на свињчето различно се третираа ... еден дел прикладен каде има ред сланина ред месо ... се сечеше заедно со кожата, за да покасно во пушница се исушат и така суви покасно се погодни за конзумирање ... се сеќавате кој може тоа да го јаде и денеска има по продавниците ... сланиница што би кажале браќата од север ... со лук и ракиичка ептен им лизга ...
- најтврдите делови од свињската кожа се сушеа и од нив се правеа селските опинци ... никојпат не видов како се прават домашни опинци ... во тоа време беа популарни гумените опинци бидејки најдобро штитеа од влага ... лесно се миеше калта која ја имаше во изобилие во селските средини ... но дедо имаше купено и такви опинци или еднаш направи ... но кога виде колку лесно упиваат влага брзо ги зафрли ...
- друг дел од сланината се топи и како продукт се рафинира маст, кој беше главна храна до пред земјотресот ... тој беше замена за денешниот зејтин кој во тоа време беше раритет и многу скап ... како нус производ од топењето на маста се добиваа чварки ... за некого и денеска се специјалитет ... ... дедо додаваше и месо од околината на стомакот, за чварките да имаат подобар вкус ... јас можев да ги јадам само тие мевца ...
- од делови од кожата кои исто не беа пригодни за јадење ... од ѓон што ке јадеш - се правеше сапун ... не ја знам рецептата ... но нешто со сода бикарбона се правеше ... сапунот ем беше скап во тоа време ем го немаше во доволни количини ... тој сапун служеше претежно за перење, но посиромасите со него и се бањаа ... велат бил здрав ... ??? ... можеби заради присаство на сода бикарбона во него која е дезифинсиенс ... сигурен сум дека и современите сапуни имаат сода бикарбона во себе ... но во мали количини ...
- во овој дел дедоми правеше еден специјалитет ... незнам како се вика ... кавурма можеби ... чварките онака со месо во себе стопени се сипуваа во канти од сирење ... со по некоја везенка во себе ... додадено од изнутриците ... бел џигер особено варен и сецкан ... сето кога ке се излади се сецка како сирење и се приготвува како прженко ... лебот лизга со такво јадење ... јас искрајно неможев да го јадам тоа ... се што е изнутрица не ми оди ... не е по мојот вкус ...
- работа со цревата ... дедо велеше ... синко, знаеш ли кои се најдобри црева ... одкога ке му кажам не ... ми велеше “...оние кои се двапут обрќани ...“... од цревата се правеа плетенки ... се вареа и голем дел одеа сецкани како додаток во она каде одеа чварки и маст со суви пиперки ...
- посебно се обработуваше желудникот ... уф колку смрди кога тој се вари ... но некои сметаат дека од него се прават прекрасни чорби ... мојот стомак не ги поднесува ... особено не од свињски желудник ...
- за нас децата особено забавно беше кога ке се извадеше мочниот меур ... кај свињата е доста јак ... ке ни го надуваа и ке имавме “фудбал/лопта“ за играње - се додека не налеташе на некој трн од блиските гранки ... топките беа реткост во тоа време ...
- деловите околу нозете на свињчето и ушите беа чувани за специјалитет наречен пача ... и тој дел на исхрана не ми е омилен ...
- на свињокољот особено се радуваа кучињата, кои добиваа делови кои не се за човекова исхрана ...
- околу главниот дел од свињчето месото има посебна поделба по нејзиниот квалитет ... најценето е месото околу рбетот ... најдоброто месо ...
- на посебен начин се сецка месото од предниот и од задниот бут ... посебно се двојат колениците ...
- дел од месото бутно одеше на пушење а дел се редеше во качиња во саламура ...
No comments:
Post a Comment