Пушачите во илегала ... во илегала е и нашата блог пријателка Оксиморон ...
- Од 27 октомври веќе стапија во сила законските измени со кои е забрането пушењето во јавни простории, ходници, тоалети, канцеларии, во лифтови, како и во сите државни, здравствени и социјални установи.
- Пушењето е забрането и во сите заеднички простории во станбените згради.
- До јануари 2010 година пушењето ќе биде делумно дозволено во кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе-барови, кабареа, дискоклубови и во пивници, до кога треба да има издвоен простор за пушачи ...
- За непочитување на забраните, правното лице се казнува со 2.000 до 4.500 евра, одговорното лице со 500 до 1.000 евра, а оној што го прекршил Законот се казнува со 100 евра на самото место на прекршокот, како и со дополнителна глоба од 150 до 300 евра.
- Забрането пушење ... донесен најновиот закон ...
- Кампања против пушењето ... против субвенцијата на производството на тутун ... Најтешко и најлесно за човекот е она што е зависно само од него ... од неговата воља ... нивото на неговата свест ... и потребата да се бори против одредни свои лични слабости и пороци ... не ја разбирам владата кога дава бенефиции/субвенции на производителите на тутун ... ако пушењето е штетно, а штетно е ... ако пушењето е забрането т.е. се повеќе се забранува - тогаш зошто со наши пари од даночните обврзници да се стимулира производството на тутунот и одтаму цигарите ... што е целта, да поефтинат цигарите и да се зголеми нивно производство ?? ...
No comments:
Post a Comment