Славевски пречекан со коктел во Собранието ... го предаде новиот буџет ... злобниците велат државата побогата (за најголемиот буџет до сега ...) а граѓаните се` посиромашни ... државата е најголема “фирма“ во Македонија ...
- Владата го подготви најобемниот буџет досега, кој тежи 2,67 милијарди евра,
- со рекорден трговски дефицит проектиран на 2,8 отсто од бруто-домашниот производ. ... дефицитот на тековната сметка ќе биде зголемен и ќе се изнесува околу 11 отсто од БДП во 2009 година
- се предвидува бруто-домашниот производ да бележи стапка на пораст од 5,5 отсто
- бруто-инвестициите, кои во 2009 година се очекува да достигнат 30 отсто од БДП
- стапката на инфлација мерена како просек не се очекува да ја надмине проектираната од 3,5 отсто.
- извозот во 2009 година во однос на 2008 година ќе расте со стапка од 16 отсто, додека увозот ќе расте со помала стапка од 13 проценти
- во Република Македонија ќе влезат над 500 милиони евра по основа на странски директни инвестиции
- одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот
- Се очекува намалување на стапката на невработеност
No comments:
Post a Comment