Често, за да се види како ке реагира јавноста одредени идеи се пуштаат како шпекулации во медиумите ... во зависност од реагирањето по медиумите идеите се отфрлаат или прифаќаат ... пример се пуштаат во оптек имиња кои се можни кандидати за некоја функција ... па во зависност од реакцијата на јавноста се фаворизира токму она име кое има најмалку/најдобри критики во јавноста ...
Владата има перманентна политика на зголемување на прирастот ...
- створи услови да ја лечи неплодноста кај младике кои имаат проблем со зачнување на плодот ... благородна идеја која се остварува ...
- трето дете и привилегии за мајките кои имаат повеќе деца е идеја кја ке видиме како ке заживее ...
- се води кампања дека абортусот е рамен на убиство ... идеја која наиде подршка кај црквата но не и кај борците за човекови права ... особено не кај оние кои сметаат дека плодот до одредена недела на старост кога не е во состојба сам да преживува е дел од телото на мајката и како таков само мајката има право да решава за неговата судбина ...
- сега најново е дека се предлага трудничкото да се зголеми на година дена а за близнаци нешто повеќе ... трудничко од два месеца и за таткото ...
- најнова идеја која се фрла во проверка пред јавноста е дека ке се оданочуваат оние кои не се женети, т.е. мажени ... оние кои работат ке плаќале некаков данок од 1.000 денари ... идејата била нафрлена на денот на идеите кај владата ... па некој веројатно се сетил да ја провери во јавноста ...
No comments:
Post a Comment