Еве уште еден индекс на споредба на МК со остатокот од светот ... Македонија е на последно место во ЕУ според слободата на здружување ... невладини организации, човекови права и синдикати ...
Последниот извештај на реномираната меѓународната невладина организација „Фридом хаус“, МК ја споредена со земјите од Централна и Источна Европа и ја рангира на последно место ... овој извештај сигурно нема да се најде во владините рекламни кампањи - Остваруваме ...
- Извештајот, пред се', се занимава со работничките права и синдикатите ...
- Извештајот јасно говори и за слободата на здружување кај невладините организации и групите за заштита на основните човекови права и колку тие се вклучени во мониторирањето на владините капацитети и политика.
- партиите и особено оние од власта да градат паралелна мрежа на невладини организации под своја контрола за да им парираат на оние што не ги чувствуваат како „свои“ и не ги контролираат
- оваа влада во рамките на соработката на институциите или министерствата со невладините организации де факто ги поткупува со не така мали износи, што негативно се одразува врз самостојноста и критичноста на невладините организации ...
- не постои ефикасен внатрешен механизам за поддршка на невладиниот сектор и, по правило, добрите невладини организации се финансираат со странски донатори
- Македонија да се става и да се наоѓа во група земји како Конго, Лесото, Танзанија, Зимбабве, Филипини или Киргистан ...
- Во извештајот се наведува дека на многу места во светот се појавиле нов вид авторитарни државни лидери, кои користат новоразработени тактики за потиснување на слободите ...
No comments:
Post a Comment