Search This Blog

Sunday, November 09, 2008

Интернет телевизија нуди и „Македонски телеком“ - T-Home ... Triple play ...

http://www.telekom.mk/Uploadedimages//3max.gif http://www.maxtv.mk/img/elementi_kutija.jpg
- - Македонски Телеком А.Д. Скопје, го најави воведувањето на IPTV (Телевизија преку интернет протокол) услугата во Македонија. Во портфолиото на продуктите на Македонски Телеком, IPTV услугата ќе биде позната под брендот MaxTV. Оваа услуга ќе се нуди и во пакет заедно со интернет и фиксна телефонија. Овој трипл-плеј пакет на пазарот ќе се нуди како 3 Мax. ...
- Т Home корисниците ќе ги добијат основните телекомуникациски услуги (говор и интернет) како и телевизија на едно место, на иста сметка, со една точка за поддршка и одржување.
- Со 3 Max услугата корисниците ќе уживаат во различни мултимедијални и интерактивни телевиски и видео содржини со многу подобар квалитет на ТВ сигналот.
- Телевизијата нуди единствена опција за снимање на програмите кога корисникот не е дома, паузирање на програмите дури и кога се во живо, враќање наназад на програмата која што се гледа итн..
- Понудените околу 70 ТВ канали во рамките на MaxTV пакетите ќе вклучуваат македонски национални и локални канали, канали на соседните држави, како и странски канали (вклучувајќи филмски, спортски, музички, детски, информативни, едукативни, забавни, документарни...). Услугата дава можност за контрола и ограничување на содржини што не се прилагодени за деца. Оваа листа на канали постојано ќе се зголемува, со додавање на оние програми кои се интересни за корисниците.
- 3 Max пакетот вклучува HD DVD рекордер кој му овозможува на корисникот снимање на голем број разновидни содржини, со меморија од 160 GB како и безжичен рутер.
- MaxTV водич
Барате низ дома дали имате весник со денешна ТВ програма. Имало филм со Моника Белучи! Или беше со Анџелина Џоли? На која ТВ, во колку часот...? Со MaxTV водичот можете да пребарувате по име на филм или серија, по глумец/глумица и слично. А програмата ви е на постојан увид, и тоа за следните две недели.

- Видеотека
Сакате ли едно хит филмче со дигитален квалитет на слика и звук, токму сега додека сте сместени во удобна позиција? Нема проблем.
- Слика во слика
следете ги и другите програми истовремено
Сега сте сигурни дека ништо не можете да пропуштите. Со MaxTV гледате две програми во исто време, симултано.
- Родителска контрола
Поставете ги самите правилата во вашиот дом!
Одберете што вашите деца нема да гледаат.
  • 3 Макс комфорт по цена од 1.999 денари ... Пакетот 3 Макс комфорт содржи Интернет од 25 гигабајти сообраќај, 500 минути разговор на локално и национално ниво, 20 проценти попуст на меѓународни разговори кон мобилните мрежи, бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји и 70 телевизиски канали. ...
  • 3 Макс комфорт плус по цена од 2.499 денари. ... 3 Макс комфорт плус пакетот опфаќа неограничен Интернет и разговори во мрежата на „Телеком“, 30 проценти попуст на меѓународни разговори и 20 проценти попуст на разговорите кон мобилните мрежи, како и 70 телевизиски канали. ...
  • Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема.

No comments:

Blog Archive

Site Meter