Нешто што се очекуваше но не е вообичаено во меѓународното право денеска се случи - Македонија покрена тужба (правна постапка ...)... пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција.
Дали ова ке значи спуштање на нивото на соработка со Грција ... евентуална повторна блокада изразена преку затварање на границите со Македонија ... можеби и повлекување на капиталот од Македонија ... ги има ли вкалкулирано МК страна сите последици од ова тужба ... имаме ли подржувачи во светските велесили за ваквата постапка ...
- Согласно член 11 од Спогодбата од 1995 година, Грција се обврзува да не приговара на пријавата за членство на Македонија во НАТО. Меѓутоа, на Самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 година, Грција сепак го попречи упатувањето покана до Македонија за зачленување во НАТО, со што флагрантно ги прекрши своите обврски од Времената спогодба.
-
Со Апликацијата се бара Меѓународниот суд на правдата:
„(а) да утврди и декларира дека (Грција), преку своите државни органи и овластени лица, ја прекршила својата обврска од член 11, став 1 од Времената спогодба;
(б) да ѝ наложи на (Грција) веднаш да ги преземе сите потребни чекори во правец на почитување на своите обврски од член 11, став 1 од Времената спогодба и да престане и да се воздржи од секакво спротивставување, директно или индиректно, на членството (на Македонија) во Северно-атлантската договорна организација (НАТО) и/или во било кои други „меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции” во кои (Грција) е членка, доколку во таквите организации или институции (Македонија) се нарекува согласно предвиденото во став 2 од Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.”
1 comment:
Ova trebase da se sluci odma posle blokadata na Grcija vo Bukurest,sigurno ke imase mnogu pogolem efekt a toa za povlekuvanje na kapitalot od MK,malku e verovatno ako tie pravat kamen a pravat.I koi se tie "nekoi eksperti" koi prognoziraat neuspeh t.e. mali ni se sansite za uspeh (pa makar simbolicen,posto neznam kako sudot ke ja natera Grcija da ja sledi presudata) pa celoto pravo i celata pravda na svetot e na nasa strana i da ne zaboravime....David go pobedi Golijat.
Post a Comment