Search This Blog

Wednesday, November 26, 2008

ОКТА ... премногу игри ... премногу шпекулации ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/84A2592BB82493469D494B22ACC403FE.jpg

Зарад своето значение во учеството на БДП-то ОКТА е компанија со посебно место во МК економска политика ... таа секако е галениче и поради одличниот монополски договор чии делови останаа тајна за нас обичните смртници ...

читај повеќе »

Околу ОКТА во секое време ако има желба на власта - може да искочи афера од најкрупни размери .... јас само се прашувам што инструирана игра беше оваа последната ...

Неоспорно е дека ОКТА труе и загадува ... тоа и птиците го знаат и затоа ја избегаваат нејзината територија ... но тука се игра со стандардите и со времето ... играта со мазутот е прочитана ... само ОКТА во светот нема проблеми да го потроши мазутот и тоа со фина цена ... но и другите производи на ОКТА се под ЕУ квалитетот ... а тие слободно се продаваат во МК ... тука во играта се вклучи и неопходното потрошување на стоковите државни резерви со незнам каков квалитет ... на крај во ОКТА пукна во производната линија па сега ОКТА бара право да увезе горива од централата ... ???

За крај, кој ги организира/инструира граѓаните во суровиве услови на зима да стојат 24 часа на студ, дење ноќе ... сето тоа прилично инструирано и подржано ми изгледа ... не пиеме ние нафта ...

За на крај да се појави владата во присуство на камери се разбира да ја спаси ситуацијата ... да ги изгради мониторинг станиците - кои дури ни министерството за Екологија велеше дека не се негова обврска ... и да го прекине штрајкот - за да се снабдат школите и болниците со мазут за греење ... а кај и да е ке проработи и неготинската термоцентрала ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter