Чести се случаевитет нашите Влади да прават штетни договори ... Има многу такви ... Досега само весниците споменуваат штетни договори на некоја Влада ... Истражните осгани и судските органи не се ни осмелуваат да зирнат во договорите кои под велот на “државна тајна - строго доверливо“ прават договори кои потоа носат долгорочни штети ... Досега никој нема одговарано за ваквите штетни договори ...
Се ловат само плашици од 25 до 300 евра ... а штети со милионски износи на евра не се ни споменуваат ...
По мене примери за штеттни договори се најголемите приватизации во Македонија (МТ, Окта, и Елекстродистибуцијата ...) Сите овие продажби се под исто сценарио - со превоз на тајност се продадоа златни кокошки под мистериозни околности ... и со штетни последици за државата и граѓанинот ...
МТ кога се продаде, беше и досега е таканаречена најголема странска инвестиција ... Што од продажбата доби граѓанинот ... некако не се сеќавам за позитивните промени - но монополот долго го осеќаме по нашите џепови а ке го осеќаме уште долго ...
Со продажбата на Електродистрибуциата се случува нешто слично ... А еве првите големи ефекти од продажбата на Рафинеријата Окта ке ги осетиме за некој ден со плаќањето на пеналите од 25 милиони долари - кои како резултат на судскиот спор со Окта кој се водеше пред арбитражниот суд во Париз - деновиве ке искочат на виделина како судска пресуда ...
Ке се поеде ли конечно постапка за одговорност на оние кои ја носеа одлуката за продажбата и на оние кои ја носеа одлуката за непочитувањето на договорот ...
No comments:
Post a Comment