На тиквешко ни правеа друштво три гуски (гусан, гуска и веројатно нивна керка ...) и ни го надополнуваа денот ... Доаѓаа трипати дневно на јадење од рака ... се бањаа со нас на истата плажа се чистеа и фенираа ... богами и сунчаа на истата плажа ... ни игра и балет на една нога ... со испуштено едно крило ... колку смо се грижеа за своите бели преубави перја ... Незнаев дека гуските може толку да се друштвени ... Мислам дека за нив е ептен природна средина тиквешко ... уживаа во чистата вода и нашето друштво ...
Гусанот беше повреден на едното крило ... го тепале рибари на кои им ги бркал рибите ... Велат минатата година биле седум гуски - сега само три останале ... Одпрвин мислевме дека гусанот е тој кој дава команди ... тој ги предводеше во пливањето по вода ... но набрзо видовме дека како и кај луѓето гуските оро водат ... Гуската почна да го кара а богами и тепа гусанот ... тој ке подвиеше опашка ке попуштеше и ке се тргнеше на страна ... после видовме дека “шефицата“ така ја нарековме гуската дава команда кога да си одат ... Неколку пати не почестија и со долг лет до езерото ... преубаво ... Не будеја во 6 ... ке се качеа до скалите и гракаа ... бараа лепче ... на крај на денот не честеа со летот ... додуше малаку ја ѓубреа и плажата ама се им простуваме ...
Утринското доаѓање до скалите со јадење од рака ... и летот до езерото ...
Гуските ја покажаа својата грациозност во езерото ...
No comments:
Post a Comment