Моментите пред зајдисонце ... самото зајдисонце ... и момнентите по зајдисонцето се навистина волшебни на Тиквешко ...
Во викендицата во која бев - има фамилија на мачиња ... мајка и три мачиња ... Мачињата ги одгледува само мајката ... таткото мачор веројатно е со некоја друга задача ... или мачките сами ги одгледуваат - без мажјакот мачор ... Колку само грижливо ги чува мајката ... Им лови риба покрај езерото ... и жива им ја носи да ја изедат маливе - кои и не се баш така мали ... а тие така големи сеуште цицаат ...
Викендичката е сигурна дека нема ползачи (гуштерчинја ... змии ... разни гадинки ... стоногалки ...) и глувци во својата внатрешност а особено таванот ... Со што ли се хранат зиме ... веројтно со риби ... искрајно незнаев до сега дека домашна мачка знае да лови риба ... но се уверив со мои очи ...
Од ручекот (риба на скара ...) се омрсија и мачињата ... Уште додека се пржеше се мотаа околу нас сите четири ... Погледните само како се однесуваат претпазливо додека јадат ... Се разбира по ручекот следува редовно миење ... Мачката е чисто животно и води сметка за лична хигиена ... по секое јадење следува темелно миење ...
По добриот ручак и миењето - следува играње и одмарање ... настрадаа само цвеќињата ...
- macinja ... tikvesko ... suton ...
No comments:
Post a Comment