Имаат ли крадците душа ... Зошто крадат ... Зарем, не ли им е грев за сопственикот кој со труд и мака го стекнал предметот или парите што ги крадат ... Што е мотивот на крадецот ...
Многу прашања можат да се постават на оваа тема ... Еве случајот со Куки на која и го обија станот додека таа беше на одмор и и го украдоа семејното злато - кое најголемата врдност ја има во споменот ... за некој и нешто ... Парче злато кое може и со генерации да се пренесува за личноста има непроценлива вредност а за крадецот многу мала ...
Зарем крадците не ги фаќаат клетвите ...
Добро и Робин Худ бил крадец ... но мотивите и целите му се опеани ... или познатите крадци од Америка - за кои се пишувани романи и снимани безброј филмови ...
Има и друг вид на крадци ... крадци на душата ... ке те натераат да се заљубиш во нив ... а потоа безмилосно те напуштаат ...
No comments:
Post a Comment