Среде зима - знае да ги изненади нашите надлежни снег ... мраз ... па тогаш трчаат да купуваат сол и да ги поправаат возилата за чистење снег ...
Среде лето - надлежните ги изненадува суша ... Во пролет ке се посадат садници кои лани и полани се исушиле и толку ... никој после не се враќа да ги одгледа младите садници ... никој не ги наводнува ... господ ако им капне тоа ке им биде ... да пораснат за да можат после сами да се одржуваат ...
Во селото каде сум роден имаше еден постар човек - кој за сите од селото беше малку чуден ... во пролет одеше по патот и садеше дрва ... младите садници ке ги донесеше од шума ... Не само што ке ги посадеше - туку и се грижеше за нив се додека не се оправат ... ке ги полеваше ... кастреше ... ке ги заградеше со “драки“ (грмушка која боцка - особено кога е сува ...) ... Ке влезеше во твојот двор и ке ти калемеше некое дрво ... ниту те прашува ниту те моли ... ниту ти бара нешто за возврат ... Наско Бузо му беше името ...
Очито ние по градовите мислиме дека се некој друг треба да ни ја заврши работата ... некој надлежен и платен за тоа ... Стотици пензионери па и млади луѓе се мотаат околу зградите - со рацете на г‘з. Се заглкедуваат само во понекоја млада мамичка ... Тука пред очите им умираат младите садници ... Кофа две вода двапати месечно ке заврши работа ...
Што ми е предлогот ... “Посвојување на младите садници“ ... Градот, општината - уште пред да посади млада садница да побара “усвоител“ на садницата ... кој ке се грижи за неа додека да порасне ... ке се грижи за неа како за цвеќето кое дома го одгледува ... како за дрвото кое во двор го посадува ... Прекрасен пример за ваква соработка на опшина и граѓанин имаме во Ново Лисиче во таканаречениот “Парк на Музиката“ ...
Велат цвеќето враќа љубов ... Јас велам дрвото кое ке го одгледаж од садење па натака ... стопати повеќе ке ти ја врати љубовта ...
Апелирам до сите надлежни ... до градначалниците на општините по Скопје да ја промовираат идејата и да ја доградат ... Верувам ке има заинтересирани граѓани а и донатори кои ке подарат садници ... Значи од градските татковци се бара само организација ...
No comments:
Post a Comment