Тиквешко е полно со риби ... тоа рибарите го знаат и затоа е најчеста дестинација за риболов ... Но на Tиквешко има безброј птици ... Ви ги преставив гуските ... Се слушаа богами и кокошки ... а тука еве ви го представувам и тиквешкиот Штрк ... Во блиската околина избројав неколку штркови ... Грациозна птица за која многумина веруваат дека носи среќа ... Заради тоа верување и заради тоа што штрковите се хранат со разни влекачи ... змии ... гуштери ... полски глувци ... штрковите се сакаат со луѓето и живеат во симбиоза ... Живеат во исклучително чисти еколошки средини ... птици преселници се ... Велат дека на Тиквешко знае по некој пар и да презими ... Или се работи за млади птици кои не би издржале долги патување или се работи за слободна проценка на штрковите дека може да презимат и на Тиквешко ...
На Тиквешко од птици видов и гњурци ... галеби ... ластовички ... и врапци ... Чудно но чафки не видов ...
- Линкови 1 ... 2 ... 3 ... 4 ...
- Strk ... Roda ... Stork ... Störche ... Ciconiidae ... Πελαργός ... Bocianowate ... Аистовые ... Leylek ...
No comments:
Post a Comment