Search This Blog

Wednesday, August 01, 2007

ЕУ двои милијарда евра за пожарите во Европа

Вакви многу пожари на крајниот југ на европа немало ... затоа ЕУ се одлучува да издвои милијарда евра со кои ке се обиде да компензира дел од штетите во Јужна Европа ... Шанси да добие компензација има и Македонија бидејки има статус на земја кандидат ...

- Ова е предвидено со политиката на ЕУ во рамките на т.н. Солидарен фонд, кој располага со буџет од една милијарда евра, а е наменет за надомест на штетите предизвикани со големи природни катастрофи во земјите-членки, но и кандидатите во соседството ако се дел од истата регионална криза.
- Вчера ЕУ издаде посебно соопштение за Македонија, издвојувајќи ја како посебен случај и најилустративен доказ за доброто функционирање на нејзиниот центар за реагирање во цивилни катастрофи, поради фактот дека на апелот на нашата Влада за помош, според Брисел, одговориле осум земји, т.е. Словенија, Норвешка, Данска, Полска, Чешка, Германија, Австрија и Шведска.
- Според правилата на европскиот Солидарен фонд, помош може да побара и земја-кандидат за членство ако во рок од десет недели од природната катастрофа аплицира за тоа во ЕУ, наведувајќи каде се случиле пожарите, кога и колкава била предизвиканата штета. Се споменува дури и формирање сили за брза интервенција околу пожарите, но иако идејата е стара веќе една година, и се реактуализираше вчера, и натаму останува како неизвесен проект на Унијата
.

No comments:

Blog Archive

Site Meter