Денешен Вест избацува напис во која вели дека Холанѓаните оваа година иако се најавиле за Охрид нема да дојдат ... бидејки:
- ОТКАЖАНИ СИТЕ ЧАРТЕР-ЛЕТОВИ ОД АМСТЕРДАМ ЗА ОХРИД
- Пред почетокот на туристичката сезона во Холандија на повеќе телевизии се вртеле соопштенија во кои Холанѓаните биле предупредувани да не заминуваат на летување во Охрид поради несериозниот однос на некои туристички агенции во Македонија
- …вината треба да се бара во непрофесионалниот однос и аматеризмот на луѓето во Охрид коишто работеа со холандските туристички агенции.
- Холанѓаните доаѓаа преку овдешната туристичката агенција "Македон -турс", која на охридскиот брег донесе неколку илјади туристи од оваа земја. Агенцијата, иако ги зела парите од холандските туристички агенции, не им платила на хотелите каде што тие отседнуваа.
- Авионите на холандската чартер компанија "Трансавиа" лани два пати неделно слетуваа на Охридскиот аеродром од Амстердам преку Задар.
Деди бидејки живее во во Холандија а е и стручњак за туризам ... би било добро да ни појасни што е со овие гласини ...
No comments:
Post a Comment