Дента кога бев во посета на Кратово ... Шлегово ... Писан Камен ... Пробиштип (линк 2 ... 3 ... 4 ... 5 ... ) ... појдовме према Лесновскиот Манастир ... Попат ми западнаа за очи прекрасните визури и долги погледи пред Лесновскиот Манастир ... Времето беше предодредено за сликање ... преубав колорит на бои предизвикан од убавото сонце кое се пробиваше во колаж од облачиња кои формираа разни фигури на бела и плава нијанса ... а подножјето се оцртаваше со светло и сенка од облаците ... Ден предодреден за сликање ... особено на вакви места каде нема смог ...
На ова место морав да застанам ... нешто ме мамеше да излезам од колата и до сликам ... Природата е секојпат најдобар архитекта ... преубава гледка од каменот кој подесќа по малку на Мечкин Камен ...
Од карпата која ме привлече да застанам ако фрлиш поглед ... на едната страна е прекрасната визура од колажот број два на постов ... а, ако фрлиш поглед во контра правец - ке го здогледаш низ клисурата Лесновскиот Манастир ... горниот колаж ... Ова е уствари позната вулканска долина која е доста истражувана од геолозите ... За пештерата зголемена доле лево мислев дека е уште една од пештерите на некој пустиножител ... но покасно оците од Лесновскиот Манастир ми појаснија дека е тоа мајдан за воденички камења ... Неколку фамилии имале свои мајдани за воденички каменја ... За подсертување - за да воденичките камења бидат добри да го мелат житото ... едниот треба да е тврд/љут а другиот треба да е мек ... Затоа се вели дека “два љути камења не мелат жито“ ... сакајки да се каже за вообичаените расправии меѓу партнерите - кога никој не попушта ... дваицата се направени од “лут камен“ ... :)
Уште една потврда за убавините на местото ... забележани од окото на мојот фото апарат ... Двете бабички се етолошки приказ на луѓето од крајот Осоговски ... Од ставата им се глада дека здравјето им пука (пу, пу, пу ...) ... за годините се супер ... Подоцна разбрав дека се тоа група од десетина жени кои одат на испомош за молзење на стадото манастирски овци ... Можете да замислите каво сирење излегува од оваа прироа ... мммммммммм ...
Еве ја и мапата за да знаете за кој дел на Македонија зборувам ... Осоговјето е прекрасна природна целина ... која изобилува со природни убавини - некои сеуште недопрени од човечката рака ... бројни цркви и манастири ... легенди ... природни реткости и минерали ... руди ... Историјата на рударството во Македонија е врзана со Осоговијата ... етнологија ... стара архитектура ... карпеста уметност - најсочувана во овој дел на светот ... неколку пустиножители и легенди врзани за нив (Лесновски ... Осоговски ... Рилски и блискиот Прохор Пчињски ...). Околу Осоговјето на неговите рабови има села и помали градови - кои живеат живот со друго темпо ... не како нашето - брзо ...
Појдете, посетете ја оваа убавина ... луѓето се гостопримливи ... ке најдете и ефтино сместување и во приватниот сектор ... селски туризам ... а Осоговскиот Манастир има конаци кои се издаваат ...
Некои држави како Америка на пример би дале огромно богатство за да имаат нешто што е постаро од 300 години ... Нашиве краишта се преполни со неколку иљади години историја и вредни археолошки наоѓалишта ...
Македонија вреди да се спознае ... Знаете како се вели ... Она што ти е достапно - пред нос де ... не го цениш ... Сонуваме за некакви странски егзотични дестинации ... а за нашите егзотични десинации не ни знаеме дека постојат ...
- Vizuri ... Lesnovski Manastir ... Osogovija ...
No comments:
Post a Comment