На Косово повторно се случуваат исценирани немири ... косоварите протестираат на улици против планот на ООН ... притворија и неколку германски агенти од нивната тајна полиција - иако Германија е една од најголемите донаторски земји ... во Македонија повторно се заговара Илирида ...
- Пак зоврива косовското тенџере ...
- Планот на Бан Ки-мун многумина го прочитаа како почеток на поделба на бившата српска покраина, а тоа не ја остава Македонија во позиција да падне во зимски сон ...
- Протестите во Приштина одржани во минатата недела, на кои учествувале околу 20.000 лица, покажаа една сосема нова слика за Косово.
- Политичките посматрачи во Приштина велат дека не паметат дека на кои и да било протести претходно не било развиорено и американското знаме. ...
- Ова покажува колку се разочарани и гневни Косовците по објавувањето на планот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун .
- .. планот на генсекот на ОН, кој го поддржаа и ЕУ и САД, а кој длабоко задира во неговата свежа независност. Планот е и во директна колизија со пакетот на Марти Ахтисари со кој Косово стана независна република и кој се преточи во Уставот на новата држава. За Приштина, овој план е почеток на поделба на територијата - коментира еден дипломат.
- ... што предвидува планот во шест точки на Ки-мун:
- првата е дека српска полиција треба да се распореди во српските енклави и која ќе му одговара на УНМИК, а не на приштинската влада.
- Втората точка предвидува царината на административната граница да ја преземат српски цариници и собраните приходи да одат за развој на српските енклави.
- Се предлага и посебно судство за српските енклави, а за ЕУЛЕКС ќе важи Резолуцијата 1244 (се излажале сите што сметале дека таа е мртва).
- Другите две точки се за развој на инфраструктурата и за културното наследство.
- се се' погласни гласноговорниците на тезата дека се готви нова криза во регионот и дека ќе има прецртување на границите.
- српската дипломатија почна да собира поени во меѓународната заедница. Фактот што е забавено (ако не и закочено) признавањето на Косово говори дека се играат нови игри околу бившата покраина ...
- Македонија не би смеела да остане пасивен посматрач на оваа шаховска партија. Да потсетите дека Невзат Халили ја обнови идејата за „република Илирида“. Поранешниот аналитичар на ЦИА, Стивен Мејер, повторно се огласи со тврдењето дека границите не се свети и со прстот ја покажа мапата на западна Македонија. ...
- Безбедносни извори тврдат дека е можен обид за дестабилизација на состојбите во Прешево-Медвеѓа-Бујановац, делови од пограничниот појас со Македонија, како и во делови на Црна Гора. ...
No comments:
Post a Comment