Паско Кузман - влезе во нова археолошка потрага ... овојпат во потрага по престолнината на Енхелеите ...
- Почнаа потрагите по археолошките остатоци на киклопските ѕидини, археолошки локалитет од 7 век пред новата ера, што се наоѓа над базиликата „Св. Еразмо“, Охридско. ... има многу движни наоди, претежно изработени од керамика ...
- ... бедемите над „Св. Еразмо“ ги викаат киклопски ѕидини поради големите мегалитни камени блокови, вградени во тврдината ...
- Целта на ископувањата, вели Кузман, е да се истражи локалитетот, да се презентира, зашто е од огромно археолошко и историско значење за Охрид. Тој смета дека киклопските ѕидини и' припаѓаат на престолнината на Енхелеите - племе кое живеело на тие простори во 7, 6 и 5 век пред новата ера.
- ... археолозите ќе констатираат дали Енхелеите биле македонско, илирско или некое друго племе.
- Археолозите за локалитетот имаат одредени податоци од истражувањата што пред околу 75 години ги направиле германски и археолози од Белград. Тие успеале да откријат еден економски дел на градот, на тврдината, во кој нашле многу питоси - садови во кои се чувале прехранбени продукти.
- Според старите претпоставки, локалитетот е тврдина од 4 и од 3 век пр.н.е.Археолошките истражувањата треба да покажат дали има постара хронолошка детерминација.
- НА ЛОКАЛИТЕТОТ КИКЛОПСКИ SИДИНИ КАЈ ОХРИД - Се откопува утврден град на Филип Втори ... На самиот влез во Охрид од правецот на Струга, на локалитетот Киклопски sидини започна откопувањето на нов, утврден град, војнички позначаен дури од Самуиловата тврдина. Археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман претпоставува дека градот во 358 година пред нашата ера го подигнал Филип Втори Македонски. Големиот војсководец, според археолозите, ја изградил тврдината кога поминувал на овие простори. Таа опстојувала околу седум века. ... ... На почетокот од триесеттите години од минатиот век, првите истражувања на Киклопските sидини ги вршеле археолозите Грбиќ, Унверцакт и Келер. Тие откриле питоси во кои се чувала храна и вода, и други археолошки предмети. Не е познато зошто ги прекинале истражувањата, но има претпоставки дека сметале оти градот не бил довршен. ... ... Sидот е долг околу 240, а широк 2,40 метри. Моја претпоставка е дека камењата долги 1.80 сантиметри и широки 90 сантиметри, се носени од ридот што се наоѓа во близината на Филиповиот град ... ... Очекувам за време на ископувањата да откриеме и шест кули околу бедемот на градот и една на неговиот влез ... ...
- Потрага по престолнината на Енхелеите ... Дневник, 27.09.2006 ... Археолозите ќе ги откриваат тајните на киклопските ѕидишта, археолошки локалитет од 7 век пред новата ера, што се наоѓа над базиликата „Св. Еразмо“, Охридско. Истражувањата ќе ги раководи археологот Паско Кузман ... ... Друга екипа деновиве го расчистува теренот од бујната вегетација што ги забарикадирала бедемите. Треба да се направи и пристапен пат, кој ќе им овозможи на археолозите без проблем да стигнуваат до локалитетот ... ... Сметаме дека киклопските ѕидишта и' припаѓаат на престолнината на Енхелеите - племе што живеело на овие простори во 7, 6 и 5 век пред новата ера ... ... локалитет е атрактивен зашто стратегиски е многу значајно место. Поставена над базиликата „Св. Еразмо“, тврдината се наоѓа покрај патот Охрид-Кичево-Скопје, во близина на охридскиот аеродром ... ...
- За најстари жители на овие простори се
наведуваат Бригите, Енхелеите, Дасаретите и Пајонците. Тие
во изворите се јавуваат во различни периоди. Во времето за
кое тука станува збор, македонско-хеленистичкиот период
(крајот на III и почетокот на II п.н.е.) се спомнуваат само
Дасаретите. Според некои автори, Дасаретите се сметаат за
Енгелани (Енхелеи) и дека постои континуитет во нивната
култура, поврзувајќи го тоа со наодите од Требенишката
некропола. Како поткрепа на тоа е податокот кај Страбон
дека Енгеланите се нарекувале Дасарети. Но, независно од
тоа, сите овие етнички групации се вбројуваат во бригиската
група кои биле главна компонента во етногенезата
на античките Македонци. А тие, на овие простори се
спомнуваат уште од времето на Филип II кој ги поразил
Илирите во Линкестида во 358 година п.н.е. и ја проширил
својата власт на запад од Лихнидското Езеро. Всушност, тој
ги повратил освоените простори, а во следната битка (356
година п.н.е) границата била поместена до јадранскиот брег.
Присуството на македонскиот елемент на овие простори е
потврден и преку бројните наоди, особено преку монетите
(Касандар, 316 - 297 година п.н.е., Амфитол, II век п.не. и
Тесалоника, II-I век п.н.е.) што укажува и на соработката
на горномакедонските со долномакедонските племиња. - Киклопски ѕидишта Охрид ... И денес во близина на Охрид стои пештерата со црква на Св. Еразмо, а во нејзина близина во 1974/1975 г. беше ископана старата базилика од петтиот век која му била посветена на овој маченик. Тврдината над базиликата, до главниот пат се вика Киклопски ѕидишта поради големите мегалитни камени блокови што се вградени во тврдината. Киклопските ѕидишта и' припаѓаат на престолнината на Енхелеите - племе што живее на овие простори во 7, 6 и 5 в. п. н. е. и податоците што ќе ги обезбедат археолошките истражувања таму ќе бидат од огромно значење. Најверојатно ќе се констатира дали Енхелеите биле македонско, илирско или некое друго племе, што е многу значајно за нашата историја.
No comments:
Post a Comment