Откако Владата најави дека и оваа година ке дели ваучери за купување на компјутери за сите студенти кои првпат запишуваат последна година од студиите ...
Нема нови информации како тече акцијата ... дали се делат ваучерите на студентите ... кога ке стартува продажбата ... сајтот на владата за таа намена не работи ... ке се оди ли со иста методологија за набавка ... не се знае дали е донесен законот за ваучерите ...
Ова денеска го потврдува и написот на НоваМакедонија - Студентите не знаат како да стигнат до ваучер ...
- Ниту референтите на студентски прашања ниту деканите на скопскиот универзитет не знаат како и кога треба да почне распределбата на ваучерите за компјутери, кои ќе ги добијат сите апсолвенти.
- Службите на факултетите не се искоординирале, иако деновиве во медиумите беа објавени владини огласи во кои информираа дека реализацијата на програмата за доделување на овие вредносни бонови почнува на 15-ти овој месец.
- Од Министерството за информатичко општество треба да добиеме летоци, упатство за начинот на распределба.
- Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество во рамки на проектот „Македонија – Земја на информатичари“ реши да спроведе програма за доделување вредносни ваучери како директна субвенција при купување компјутери.
- Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество решија и оваа година да ја спроведат програмата. За разлика од минатата година кога вредноста на ваучерите изнесуваше 12.300 денари оваа година ваучерите ќе се издаваат во номинална вредност од 15.500 денари.
- Целта на програмата е зголемување на ПС пенетрацијата во домовите, пред се меѓу помладата ИТ-активна генерација, т.е. студентите на тој начин овозможувајќи ширење на ИТ вештините меѓу фамилијата, пријателите и подоцна на работното место.
- Компјутери ... студенти ... ваучери ... Влада ... четврток, ноември 15, 2007
- Прв дојден - прв натепан ... компјутери ... ваучери ... вторник, ноември 06, 2007
- До компјутер - со огромна контрола ... понеделник, октомври 22, 2007
1 comment:
„можеби сето ова доцни поради посетата на Министерот за Информатичко општество во САД ....“
Тој да не треба да ги составува списоците и да дава ваучери по шалтери?
Post a Comment