Search This Blog

Tuesday, November 06, 2007

Прв дојден - прв натепан ... компјутери ... ваучери ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/BA5DBB1B7DF53B46A55B42AFA1933A6F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Владата сакајки да направи континуиран потег во процесот на дигитализација и компјутеризација на сите сегменнти во државата се одлучи да додели по еден ваучер од 200 евра за сите студенти кои запишуваат последна година на студирање ... Заради трошење на буџетски средства Владата ова мораше да го спроведе со носење на закон ... предходно прибра податоци од факултетите колку студенти има кои се првпат запишуваат последна година ... и Владата донесе - Закон за доделување на ваучери (собранието де...) ...
Владата направи Упатство за начинот и постапката на издавање и користење на ваучери ... Отвори специјален Сајт на владата на РМ во кој ги даде сите појаснувања ... Тука има список на фирми кои се регистриранаа при Владата за работа со ваучерите ...
Владата сакајки да направи ред во распределба на компјутерите се помачи ... но и малку искомплицира ... за што пишував во постот - До компјутер - со огромна контрола ...
Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/CE583B8856307A43AD82223252D6A6DB.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Кога почнаа да се делат ваучерите се случија големи проблеми во повеќето факултети ... скоро секаде има добиено помалку ваучери ... некаде како на пример на Правен факултет - наместо 1300 ваучери има добиено само десет проценти од потребите ... И сега некоја умна глава измисли правило “прв дојден прв услужен“ ... не сваќајки дека заради ова ке настанат тепачки пред шалтерите на факултетите по принцип “прв дојден прв натепан“ ... Владата е на мисла како да го реши проблемот кој не е мал ...
Им предлагам на Владата - на оние факултети каде грешката за бројот на студентите е заради субјективен пропуст на факултетот ... факултетот да ги сноси трошоците за ваучерите кои недостасуваат ... А таму каде е грешка во постапката (особено заради прибирање на број на студенкти кога сеуште трае уписниот рок ...) да се исправи со некакво амандманско решение во веќе донесениот закон ... Ако ова не го направи Владата наместо позитива ке укнижи негатива во очите на академските граѓани и јавноста воопшто ... И нека не продаваат демагогија - оние што имаат веќе компјутер да се откажат од ваучери ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter