Дента кога го посетив Лесновскиот Манастир - фотографирајки ја околината на Манастирот ме опи со својата магична моќ дудинката под која има чесма ... за жал водата од чешмата не беше баш по мојот вкус (“геренлива“ ... малку стар збор ... ако треба ке го дообјаснам во коментар ...) ... имаше миризба на одстоеност ... веројатно ке мора да се направи некоја интервенција на цевките или резервоарот во кај се собира водата ... Но да ја видиме дудинката онака како што ја виде окото на мојот фотоапарат ...
Дудинкава е прастара, велат повеќе од 500 години - подолу ке пренесам дел од напис за дудинкава - кој го прочитав сурфајки низ интернетот ... има и добра приказна ...
Фоткава неоспорно ја потврдува староста на дудинката ...
Но да се вратам на дудинката ... подолу пренесувам дел од записот Лек за душата и срцето на Весна Миленковска од Вечер ...
СТАРА ДУДИНКА
Архимандритот Иларион ни раскажа за дудинката, која се наоѓа во дворот и која е стара околу 600 години. " Крстообразна е, продолжува тој, и се уште дава плод. Плодот созрева од "Петреовден" и до Мала Богородица постојано има зрели плодови. Се вели дека за време на Турците дошол бегот Мурат, кој седнал под црницата да го потпиште ферманот за да го уништи манастирот и монасите. Притоа слушнал глас, кој велел: "Мурате не прави му никакво зло на овој манастир!" Мислел дека тоа го дофрла некој од монасите, па и по трет пат откако го слушнал гласот не послушал и рекол дека се е лажно, дека верувал само во Алах и во тој што го испратил за да го шири исламот. По трет пат слушнал глас кој рекол "сега ќе се увериш дека ова е свето место и не треба да го осквернавиш". Во тој момент му се одзел видот и му се фатила целата десна страна. Во меѓувреме стигнал гласноговорникот кој му кажал дека такво нешто и се случило и на неговата ќерка, а веднаш потоа истото им се случило и на неговите први луге. Тогаш тој јавно рекол: "Верувам дека постои сила, дека ова е свето место и го оставам нечепнато." Го искинал ферманот со устата и со левата рака и на манстирот ставил знак, полумесечина, што значело дека ќе биде заштитен од османлиите. Во знак на благодарност, откако сите се повратиле, на манастирот дал 50-60 декари земја."
Види подолу линкови за досегашни мои записи од Лесновскиот манастир:
- Прекрасни визури пред Лесновскиот Манастир ... Осоговија ...
- Лесновски Манастир ... цвеќе ...
- Лесновски Манастир ... Lesnovski manastir ...
No comments:
Post a Comment