Полициската станица „Центар“ заедно со ОБСЕ подготвува проект со кој повторно ќе се активира позорникарската служба на подрачјето на општината Центар.
Незнам која полициска реформа ги укина позорникарите - кои униформирано шетаа по улиците и прибираа информации ... соработува со граѓаните ... Алфите неоспорно си ја вршат работата ... но добро е одвреме навреме да видиш униформиран полицаец да прошета низ улица ... И јас сум за повторно враќање на Позорникарската служба во полицијата ... по углед на популарните “Bobby” Police ...
Кога бев дете, имаше нешто што се викаше - позорникар. Тоа беше реонски полицаец кој задолжително се врткаше низ населбата и кого можеше да го најдеш и да го повикаш кога ќе ти затреба. Дури и немаше потреба да го викаш: штом повишиш глас во куќата, скршиш ли нешто, ја вознемириш ли околината - ете ти го на врата, божем на кафе. Тој, позорникарот, ти беше како добар судија на натпревар: не го гледаш, ама секогаш е тука кога ќе се случи фаул. Нў знаеше сите од населбата, по име, презиме, табиет, по слабост. И кога нешто ќе се украдеше, ќе појдеше лично кај оној кај кого претпоставуваше дека "залутал" украдениот предмет. Често го враќаше украденото само со муабет со "зајмувачот", без пријава и апсења.
Кога завршив осмо одделние ми купија вакво точак-моторче. Прекрасно беше, со 3 кила безнин се забораваше колку улици низ Скопје вртев како копиљ со ова.Знам еднаш ми го украдоа преку летото, али одма го најдоа. Покојни, Ташко милициацеот (тогаш беше позорникар на реонот од Ленинова до Архитектонски) ми го донесе дома при враќање од работа дека и тој тука у близина живееше на Ленинова.
Професионалците подобро знаат како треба да се врати мирот на улиците, но зошто пролетната иницијатива за повторно активирање во соседството на стариот добар полициски позорникар не се случи, се уште е енигма
Со децентралзиацијата на полициското работење, МВР е на пат да го зајакне концептот на “полиција блиска до граѓанитеее”, или комјунити полисинг. Овој концепт кој е доминантен во Европа и во светот, последниве години се реафирмира и кај нас.
No comments:
Post a Comment