Како еден од постарите блогери на блог сцената во МК - свесен сум дека највеќе читатели имам од помладата популација (возраст на моите деца или помлада ...). Обично кога пишувам нешто - проблемот или нештото го гледам онака како јас го перцепирам сега, со овие години и искуство ... Свесен сум дека младите имаат подруг пристап на гледање на работите ... Младите се енергични, полни со самодоверба и брзи ... Букарски во предходниот пост ме искритикува дека сум премногу мек ...
Пробав во коментар да му пишам една кратка филозофија, на еден средновековен маж - кој некојпат беше млад ...
“ Се обидувам да бидам внимателен кои изрази употребувам ... до годините е верувај ...
Записот вечно останува на интернет ... Секој период на животот - носи свој начин на изразување ... и да сакам неможам да се сменам ... Уф, колку бев оштар (пис...) како млад ... Секако не ме познаваш од тогаш ... дури и самиот од себе се плашам сега - ако дејствувам со иста енергија, жар и средства како кога бев млад ...
Кога ке оформиш фамилија, ке дојдат деца ... имаш сосема друга одговорност ... Ок, само уметниците, па ајде и Вие писателите - останувате цело време со ист жар ... ако воопшто и го имаат (оние кои го имаат де ...)...
Добро треба да имаш и амбиција ... особено кога си млад ... Ние постарите се вадиме на стратегија и тактика ... а амбициите ни се да се протнеме што полесно ... Затоа и се вели - што ке направиш во животот го правиш до 45 години ... Натака се сменува типот на животот ... доаѓа есен и се спремаш за зима ...
Ова погоре е кратка филозофија на животот - онака како јас сум ја перцепирал, а се однсува на амбициосноста и желбата за промени ... “
Сакајки на оваа кратка филозофска расправа да и дадам акцент, решив коментарот да прерасне во пост. Па повелете со ваши гледања на темата ... се разбира оние кои ме читаат.
No comments:
Post a Comment