Search This Blog

Wednesday, November 28, 2007

Пластични шишиња низ Вардар ...

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/B738099F5A13A544AFAE212437E843AA.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/0F2D2380AC766646806EE86492FE0C0B.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Ова е слика која ја објавува денешен Вечер ... Кој и зошто овие шишиња ги фрла во Вардар ?? Зарем не им е познат фактот дека пластиката е скоро неуништлива во додир со вода. А нагрдувањето на крајбрежјето е огромно. Осем тоа пластичните шишиња се драгоцена суровина за рециклирање. Многу фамилии низ Скопје заработуваат за живот собирајки пластични шишиња ...
Вчера претпладне граѓаните кои шетаа покрај кејот во централното градско подрачје можеа да забележат големо количество на пластични шишиња кои пливаа по Вардар. Како што велат, ова не е првпат да забележат ваква појава. Иако не се знае од каде се фрлени шишињата, тие најчесто остануваат закачени по коритото, оставајќи грда слика. Од градската комунална инспекција, пак, велат дека чистењето на кејот, како и откривање на сторителите е во нивна надлежност, но за конкретна појава вчера немале пријава.
.. за чистење на коритото од пластичните шишиња ќе бидат ангажирани екипите на ЈП "Улици и патишта", кои од годинава се надлежни за Кејот. Инаку, се претпоставува дека шишињата се исфрлаат во Вардар од некоја фирма која не сака да плати за нивно носење во депонија. Сепак, останува надлежната инспекција да ги открие виновниците.
Овој пост е дел од иницијативата Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...

1 comment:

Anonymous said...

Е море Македонска култура.

Blog Archive

Site Meter