Читајки го денешното интервју во Дневник со сестраму на Тоше Проески - Цеце (онака како ја нарекувал самиот Тоше ...) повторно се изнаплакав, што во собе што со со солзи низ очите ... во друштво на женами ... Тоше, беше нејзин љубимец од моментот кога првпот му го слушна гласот ...
Ме фрапира сличноста на ликот на постариот син на сестраму на Тоше Кристијан (10) ...
Тоше неизмерно ги сакал двајцата внуци од сестраму Кристијан (10) и Никола (3) ...
По секое патување ги опсипувал со многу љубов внимание и се разбира подароци ... Постариот кој е на двете фотки го подучувал на тајните на музиката и пеењето ... планирал скоро дует со него ... му спремал песничка за некој детски фестивал ... но како и многу други работи и тоа останало само план ...
No comments:
Post a Comment