Утрово имав пишано краток пост “Договорот за продажба на ЕСМ-достапен за јавноста“ ... Бидејки неможев да најдам линк - до договорот, иако Боцевски тоа го вети на вчерашниот прес ... во коментар замолив ако некој го знае линкот да ми го прати ...
Пред малку на мојот меил пристигна меил - со линк до Договорот за продажба на ЕСМ ... Колку гледам договорот е “дебел“ 149 страни ... ке треба време да се проучи и да се видат наводите кои Боцевски ги изнесе на прес:
• Дали и кој однапред знаел дека ревизорскиот извештај ќе покаже разлика помеѓу меѓународните и домашните стандари за проценка на вредноста на имотот на ЕСМ?
• Дали е ова сторено за да се исфрлат другите потенцијални инвеститори од игра со претходен договор на купувачот (во случајот ЕВН) и продавачот (Владата на СДСМ, ДУИ и ЛДП)?
• Дали е ова меѓународен стандард и утврдена практика при потпишување на вакви договори дека по продажбата, купувачот ќе биде принуден да враќа пари и тоа дури 10% од платената цена?
Би сакал вакви линкови да има и за договорите за продажба на Телеком и ОКТА ... Редно е јавноста да дознае и за овие купопродажни договори ...
Ке ми треба долго време да го прочитам овој “дебел“ договор за да донесам свој суд ... Досега мислев дека не треба да се продаваат златните МК кокошки ... туку дека треба да се носат Гринфилд инвестиции ... Вака имавме само трансформација од државен во приватен монопол ...
No comments:
Post a Comment