Search This Blog

Wednesday, November 07, 2007

Пастрмајлија ... Штипска ...

Штипската локална самоуправа најавува дека вечерва празникот 8 Ноември, Денот на ослободувањето - ке биде посебено одбележан со пастрмајлии и вино ...

Градскиот плоштад во Штип вечерва ќе биде место на кое бесплатно ќе бидат понудени илјадници пастрмалии и неограничени количества вино.

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1B38F40DCB948A478FF25A34C6A73D18.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Предлагам кој може да го посети Штип вечерава и да ужива во специјалитетот кој напати сум го пробал во Штип ... прекрасно чувство на вкус измешано секако со добро црвено, црно или бело ... ммммммм мммммм ...

Сликата “http://www.hotelizgrev.com.mk/images/popup/info_pastrmajlija.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Како посебен специјалитет кој е карактеристичен за градот
Штип ќе ја издвоиме надалеку познатата штипска пастрмајлија
.

Се приготвува од

  • 300 грама тесто;
  • 250 грама свинско месо;
  • маст;
  • црвен пипер, црн пипер, сол

се пече во фурна на дрва 7-8 минути. Се служи со црвено вино.
Повелете и уверете се вештината на нашите мајстори од кујната.

Се бараат кандидати за брзо јадење пастрамјлии

Стопанската комора денеска упати повик до сите заинтересирани да се пријавуваат по пат на СМС на 070 276 412 за натпреварот во брзо јадење пастрмајлии што ќе се одржи денеска во Штип.

Во 18 часот во куќичката број еден на плоштадот во градот треба да се јават кандидатите, за натпреварот кој почнува час и половина подоцна. Со ова вечерва стартува традиционалната манифестација денови на маслото и пастрамајлијата во Штип, а по повод утрешниот ден на ослободувањето на градот.

http://cliffy.org/Macedonia/Stip_OK/Stip-0010-1.jpg

Сликата “http://cliffy.org/Macedonia/Stip_OK/Stip-0025-1.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://cliffy.org/Macedonia/Stip_OK/Stip-0012-1.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter