Македонија има традиција пооделни градови и жителите од нив да прават ривалства ... Така имаме ривалство меѓу:
- Скопје и Битола ...
- Скопје и Охрид ...
- Битола и Прилеп ...
- Охрид и Струга ...
- Кавадарци и Неготино ...
- Тетово и Гостивар ...
Имаме риваства и во селските средини ... каде обично двете соседни села се ривали ... Ова особено се осети во периодот на формирањето на новите општини ... каде секое село сакаше да го има приматот на седиште на општината ...
Често овие ривалства се однесуваа само во спортот ... особено во фудбалот ... кога натпреварите секојпат завршуваа со судири на навивачките групи ... Но често ваквите риваства се случуваат на било кава средба каде имаме претставници од два ривалски града ...
Од каде произлегува потребата за вакви ривалства треба да одговорат социолозите и психолозите, можеби дури и етнолозите ... дали од познатата теза да му умре козата на комшијата ... или ... можеби од потребата за самовеличање, на сметка на соседот ... незнам ...
За едно вакво ривалство на два соседни града Охрид и Струга зборува и написот на Вест “Подобро да се удавам отколку охриѓанец да ме спаси“ - Дарко Дуридански.
No comments:
Post a Comment