Search This Blog

Saturday, November 10, 2007

Лесновски Манастир ... Lesnovski manastir ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=probistip%20-%20karta%20-%20mapa%20%28Large%29.jpg
Лесновскиот Манастир се наоѓа на подножјето на Осоговијата меѓу Кратово Пробиштип и Злетово ... До Манастирот има одличен афалтен пат кој поминува во прекрасни предели со долги и преубави визури ...

Lesnovski Manastir cveke-1 (Large).jpg

Манастирот е со активен монашки живот ... Монасите и искушениците се грижат за беспрекорниот изглед на манастирот ... со безбројни колоритни цвеќиња ...

Lesnovski Manastir kolaz 1 (Large).jpg

Манастирот е навистина импозантен ... сјае ...
Lesnovski Manastir kolaz 2 (Large).jpg
Конаците се огромни ... некои скоро реновирани ...
Ikonostas lesnovo (Large).jpg
Иконостасот кој сега е во функција на Лесновскиот Манастир е дело на копаничарскат тајфа на Петре Филиповски Гарката ... Прв во низата од неколку прекрасни иконостаси ... Св. Спас Скопје ... Св.Јован Бигорски (најдобриот и највредниот на Петре Филиповски Гарката ...)
Lesnovski Manastir freskozivopis kolaz (Large).jpg
Дел од фрескоживописот ...
Лесновски манастир — Во село Лесново, Кратовско. Црквата е посветена на Свети Архангел Михаил. Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога тој се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвизнишкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за Гаврил.

За првапат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот Станислав препишал во манастирот пролог, каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во Белград. Во 1341 година деспотот Јоан Оливер го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во Скопје, 1347 година од страна на Стефан Душан бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната Злетовска епископија, што ја заменила Мородвиската. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.

Попаметни и постручни глави од мене пишале неколку прекрасни написи за Лесновскиот Манастир: (подолу ке ви дадам само линкови ...)
- Лесновскиот манастир ... Премин портал ...
- ЛЕСНОВСКИОТ MАНАСТИР СО НАЈМОНУМЕНТАЛНО ФРЕСКОСЛИКАРСТВО ... Македонско Сонце ...
- ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР ... ancientmacedonia ...
- Манастир св. Гаврил Лесновски ... Сајт Крале Марко ...
- Житије Преподобног оца нашег - ГАВРИЛА, Лесновског ...
- Св. Гавриил Лесновски - Богомилски водач ...
- Планината голтнала манастир
- МАНАСТИРОТ "СВ. ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ" МЕЃУ МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА
- Конаците во Лесновскиот манастир чекаат обнова
- LESNOVSKI MANASTIR

No comments:

Blog Archive

Site Meter