Од сите животински видови на планетата земја оружје користи само човекот ... (Оружје е алатка наменета за онеспособубање или убивање на живи битија, или за уништвање од големи размери ...)
Историски гледано - човекот со помош на оружјето се справува со другите животни кои го напаѓале ... (кои биле далеку физички појаки од него ...) или пак тој имал потреба од лов за храна или освојување на територија ... Првото оружје кое и денеска се користи во современ облик како бејзбол палка е дрвениот боздован ... (дрво на кое едниот крај кој е топчест ...) Понатака следело копјето ... па копје со изострен камен на врвот ... потоа следи ножот како оружје ... секирата го заменува дрвениот боздован ... следат понатака Лакот и Стрелата ... Праќката ... па Катапултот ... Сите овие прастари оружја до ден денешен се користат во меѓусебните пресметки на луѓето ... сеуште се исто убиствени како и тогаш во првата употреба во каменото доба ...
Следат историски периоди на организирано војување - како потреба на освојување на територии и приграбување на материјални богатства (И денеска за исти цели најчесто се користи оружјето ...) ... Првите организирани воени дејствија се случуваат во стариот Египет и стара Грција (Илијада, Троја ...).
Пронаоѓањето на барутот носи револуција во оружјето ... Се прават катапулти за фрлање на камења ... првите пушки мускети ... куршуми за нив ... топови ... и ѓулиња за топовите ... динамитот следи ... и така до денеска во современото време кога имаме милион врсти на оружје за лична употреба и оружја за масовно уништување од големи размери ... хемиско, биолошко и нуклеарно оружје ... и уште какво се не ...
Не ми е цел да пишувам за историјатот на оружјето, но направив краток осврт на неговиот историјат за да ја утврдам причината за неговото настанување .... а тоа е убивање на други луѓе ... Колку лошо звучи но тоа е вистината ... секој што поседува оружје е потенционален УБИЦА ... Дури и полицијата што носи оруке се истотака потенционални убици ... Но поради природата на човекот да е незаситен и дека е крволочно животно - мора да постојат вооружени единици кои ке го спроведуваат редот и поредокот во една држава ... Државата ги наоружува ... Во последно време е пракса во високо развиените земји се помалку луѓе од државните служби да носат оружје ... или барем тоа видно да не го покажуваат ... Процес на демилитаризација ... Пример позорникарите и сообраќајните полицајци не носат огнено оружје ...
Секако во сите држави на светот па и кај нас - има закони за набавување, поседување и носење на оружје ...
Целта на овој напис е да се придржам кон противниците на поседување на било какво “лично“ оружје ... Секое оружје кое се поседува е потенцијално средство со кое може да се одземе живот ... и со самото тоа за мене е неприфатливо средство ... Во војска не учеа дека орујето убива дури и кога е празно ...
Друга е приказната зошто има толкаво масовно производство на оружје и дека само неколку земји во светот имаат право да произведуваат и поседуваат одредени оружја ... се разбира за да ги штитат своте “национални интереси“ ... и со нивно производство да остваруваат профит ... и тоа какви профити ... екстра профити ... Од кило орује се заработува во просек неколку пати повеќе од производство на злато да речеме ... значи се останато се приказни за мали деца ... продавање демагогија ... оружјето се произведува за профит ... Мултинационалните компании кои го произведуваат се моќниците кои ја кројат светстата политика и така наречениот нов светски поредок ... заедно со уредување на демократиите - во кои има “застој“ на демократските процеси ...
Зошто меѓу другото Хрватска е пред нас во процесот на НАТО интеграциите ... Хрватска нема свои мисии во кризните подрачја ... Едноставно е ... Хрватска во буџетот за набавка на оружје од НАТО земјите - има неколку десетици пати поголем буџет од нашиот ... значи профитот и интересите се најголемите мотиви ...
Ги подржувам сите организации кои се против било какво вооружување и употреба на оружје ... сепак ние треба да владееме со разумот, со силата на аргументот а не со моќта на оружјето ... звучи утопистични но тоа е единствена надеж за спас на планетата земја ...
1 comment:
Написов е мотивиран од повторното звезкање на оружјето во нашата блиска околина ...
На сите нека им е јасно луѓето не одат повеќе во стара чајшија само заради честото звецкање на оручјето ... Одредени делови на Чаир и Дижонска се избегнуваат од исти причини ... како и деловите на честите жаришта и судири ... каде звецка оружјето ...
Post a Comment