Search This Blog

Wednesday, November 28, 2007

МАНУ - загадувач на околина ... Drugstore ... (Урбана блог герила)

IMG_3815.jpg
IMG_3811.jpg
Овие две фотки се направени од tunic од пред некој месец пред академијата ... доволно зборуваат за себе ... Знае некој дали е ова расчистено ... предпоставувам дека е ова од задниот дел од влезот во Академијата ни ... Еве го изворниот текст од блогот Drugstore
Имајќи во предвид дека денес е blog action day, за што пишував во претходниот пост http://tunic.blog.com.mk/node/111611

еве се придружувам кон иницијативата на повеќе од 13000 блогери од целиот свет кои денес пишуваат постови за заштита на околината.

Еве како МАНУ - нашата Академија за науките и уметностите се грижи за животната околина. Ова ѓубре е позади МАНУ. Во случајов проблематично е уште нешто. На зумиранава слика епруветите се всушност употребени вакутанери за земање крв. Значи ова е потенцијално инфективен отпад. Сите знаеме дека во МАНУ се прават тестови за хепатит, проверка на ДНК итн , па јасно е од каде потекнуваат истите. Е сега на вакутанериве се напишани и имињата и презимињата на лицата кои дале крв па дури и видот на тестот т.е зашто е тестиран. Класично кршење на неколку човекови права.

само колку за информација фотографиите се направени пред 7 месеци.

Академија ејј..

Оф топик МАНУ има нов сајт ама само на англиски !!! Ману не се обраќа на нас Македонсците ... не не врти што би се рекло народски ...

Постов е дел од иницијативата: Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...

2 comments:

Жарко Трајаноски said...

Супер, ете и официјално тргна урбаната-фото-герила!
Ќе се приклучам уште вечер! ;)

volan said...

Ок е жаре ... благодарност што не се лутиш што не седнавме прво на кафе како се договаравме ... ама блогерите можат и вака да се вмрежуваат во убви идеи ...

Blog Archive

Site Meter