Search This Blog

Wednesday, November 21, 2007

Поделба на надлежности ... оштетени граѓаните ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/78622966842F184FA00217B4EA462CAB.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Поделбата на надлежности меѓу пооделните општини во Скопје и Градот Скопје катастрофално се одразува на фунционирање на природните целини во градот Скопје ... пред се на патиштата ...

Кога ке има некое интервју на некој медиум (гостува сеедно кој Градоначелник ...) се јавуваат граѓаните да прашаат за некоја незакрпена дупка или некое неосветлено коше ... или сеедно некој неодстранет шут од реновирање на некоја зграда ... Најчест одговор на било кој градоначелник е “... знаете тоа не е во наша надлежност ... Патот е на Градот ... тротоарот е на општината ... а незнам одстранувањето на шутот чиво ли е ...

Ваква рашомонијада на ненадлежности се дешава на недовршениот дел на улица Македонија оној пред Градскиот Музеј или подобро речено пред стара железничка ... на делот од патот на кој се случи атентатот на Председателот Глигоров ... Веќе подолго време тој дел е преполн со шут ... со гнасни канти за ѓубре ... со огромни дупки на патот ... И замислите за се криви “ненадлежноста“ ...

Makedonija (Large).jpg

Фоткиве се правени пред едно месец дена ... но многу не е подобрена ситуацијата ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter